КРИТИЧКИТЕ ОДГЛАСИ ЗА ПРЛИЧЕВИТЕ ПРЕВЕДУВАЧКИ АКЦИИ НА ХОМЕРОВАТА ИЛИЈАДА ВО XIX ВЕК
Апстракт
Трудот ги согледува критичките одгласи за Прличевите преведувачки акции на Хомеровата Илијада на т.н. општословенски јазик. Вниманието ќе биде насочено кон вредносните судови на уредниците на списанието Читалище, каде што бил објавен дел од првото пеење на Илијадата, Марко Балабанов, Лазар Јовчев и Петко Славејков. Во трудот, исто така, се согледуваат и крајно негативните искажувања на Нешо Бончев, Христо Ботев и Љубен Каравелов како и подоцнежните умерени критички стојалишта на оваа тема искажани од Константин Величков, Евтим Спространов и Александар Теодоров-Балан. Оттука, преведувачката постапка на Илијадата се согледува како израз на идеите за словенско интеркултурно разбирање кои се присутни не само во преведувачкиот ами и во Прличевиот творечки идентитет и опус.
Downloads
Референци
книга, Скопје.
Балабанов, Марко, 1871,Читалище, Цариградъ, бр. 11, стр. 337-344.
Балабанов, Марко, 1871, Читалище, Цариградъ, бр. 13, стр. 387-388.
Бончев, Нешо, 1871, Периодическо списание, бр. 4. стр. 90-109.
Boileau, Nicolas. 1815. L’art poetique.Paris.
Величковъ, Константин, 1894 „Пр5водътъ на Илияда од Григор Пърличевъ“
Календарче св. Кирилъ и Методий за 1894 г. стр. 34-52.
Димовска, Весна, 1994. Античката литературна традиција во македонската
литература од времето на преродбата, Маг. труд. Филолошки
факултет – УКИМ, Скопје.
Ѓуришин, Диониз. 1987. Теорија на споредбеното проучување на
литературата, Наша книга, Скопје.
Ѓурчинов, Милан. 1994. „Делото на Григор Прличев на Фонот од Балканскиот
културен плурализам“, Животот и делото на Григор Прличев,
Реферати од научен собир одржан во Скопје на 21 и 22 април 1993
година, МАНУ, Скопје.
Йовчев, Лазар, 1871, Читалище, Цариградъ, 15.5., бр. 14, стр. 481-485.
Поленаковиќ, Харалампие, 1973. Во екот на народното будење. Мисла.
Скопје.
Прличев, Григор. 1959. Одбрани страници, Приредил Тодор Димитровски,
Кочо Рацин, Скопје.
Григор, Прличев, 1974. Собрани текстови. Приредил Tодор Димитровски,
Македонска книга. Скопје.
Матов, Димитар, 1894 „Календарче св. Кирилъ и Методий за 1894 год.“,
Бъгарски пр5 глед, бр. 5, София, стр. 151-152.
Матов, Димитър, 1895, „Гр. С. Пъличев. Книжовно – биографични чертици“,
Български пр5глед, книга 4-5, София, стр. 157-172.
Митевски, Витомир, 2008, Епски теми. Античката и македонската епска
поезија. Матица. Скопје.
Настев, Б. 1953. „За интересот на Прличев за францускиот јазик и литература“,
Македонски јазик, билтен на катедрата за југословенски јазици,
Филозофски факултет, Скопје, бр.1, стр. 34-45.
Спространовъ. Е. 1894. „Б5л5жка за двата пр5вода на ʼИлияда‘ отъ Григора
Пърличевъ“, Български пр5гледъ, книга 6, стр, 167-170.
Сталев, Георги. 2005. Творечкиот лик на Григор Прличев. ИМЛ, Скопје.
Теодоров, Александар. 1894. Български п р5гледъ, София, бр 4. стр.170-172.
Шеврел, Ив. 2005. Компаративна литература, Магор, Скопје.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.