ЕКОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА: КУЛТУРНИ ИМПЛИКАЦИИ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ
Апстракт
Еден од важните фактори за развој на еколошката свест и за едукација на младата генерација може да биде и литературата. Во трудот се поаѓа од претпоставките дека читањето белетристика со еколошка содржина: ja поттикнува грижа за животната средина, ја нагласува потребата за правилно управување со природните ресурси, ја развива љубовта кон природата и кон секое живо суштество и ја имплицира свесноста за зачувување на екосистемот.
Преку соодветна анализа на македонските детски литературни дела, кои обработуваат еколошки теми (екосвест, екообразование, загадување, природна средина, заштита на животинските видови, екоактивизам) доаѓаме до одредени заклучоци за: квалитетот, недостатоците и состојбата на екосвесноста кај детската популација во Македонија. Поконкретно, во трудот ќе бидат анализирани детски научнофантастични романи: „Планета Окталц“ (1988) од Лилјана Белева (посветени на еколошка катаклизма); „Авантурите на Марко и Дамјан“ (2005) од Мирко Зафировски (кој ја иницира потрагата по незагадена планета); потоа се задржуваме за младинскиот роман „Тополите на крајот од дедовата ливада“ (2001) од Бистрица Миркуловска (како илустрација на училишниот екоактивизам); романот за деца „Киндер квачка“ (1999) од Киро Донев (преку кој децата можат правилно и ненаметливо да учат за еколошките содржини уште од мали нозе); романот „Професор Еднокамчев“ (1999) од еколошката активистка Мимоза Ристова (посветен на проблемот со преживувањето на дивите мечки) и на крајот екороманот „Зелена приказна“ (2008) од Звонко Шавревски (кој го обработува проблемот на принудната мелиорација).
Извршената анализа ги наметна проблемите на недоволна застапеност на детската еколошката литература во формалното образование, неприлагодените форми за возраста на децата, како и неадекватнообработените содржини.
Овој труд беше насочен кон откривањето како анализираните книжевни дела го отсликуваат односот на човекот кон средината во која живее, истакнувајќи ја при тоа и важноста на еколошките теми за човештвото, и сето тоа со една основна цел да ја иницираме потреба од создавање на адекватна еколитература во Македонија, што ќе доведе до промени во севкупниот однос на општеството кон природата.
Downloads
Референци
Анкета. (2016) Читатели од иднината. Програма Креативна Европа-Македонија. [Anketa. (2016) Čitateli od idninata. Programa Kreativna Evropa Evropa-Makedonija] (In Macedonian) URL: http://readersofthefuture.com/wp-content/uploads/2017/02/Survey-Report_MK.pdf (датум на пристапување: 25.10.2020)
Белева, Лилјана. (1988). Планетата Окталз. Детска радост: Скопје. [Beleva, Liljana. (1988). Planetata Oktalz. Detska radost: Skopje] (In Macedonian)
Белева, Лилјана. (2001). Омајот на вселената. Култура: Скопје. [Beleva, Liljana. (2001). Omajot na vselenata. Kultura: Skopje] (In Macedonian)
Донев, Киро. (2016). Киндер квачка. Просветно дело: Скопје. [Donev, Kiro. (2016). Kinder kvačka. Prosvetno delo: Skopje] (In Macedonian)
Друговац, Миодраг. (1996). Македонската книжевност за деца и младина. Детска радост: Скопје.[Drugovac, Miodrag (1996). Makedonskata kniževnost za deca i mladina. Detska radost: Skopje] (In Macedonian)
Зафировски, Мирко. (2005). Авантурите на Марко и Дамјан. Макавеј: Скопје. [Zafirovski, Mirko.(2005). Avanturite na Marko i Damjan. Makavej: Skopje] (In Macedonian)
Кацаров, Трајче.(1997). Ети ја спасува Тера. Феникс. Скопје. [Kacarov, Trajče. (1997). Eti ja spasuva Tera. Feniks. Skopje] (In Macedonian)
Мицковиќ, Натка. (1988) Литературата за деца и нејзините воспитни можности. Самоуправна практика: Скопје. [Micković, Natka. (1988). Literaturata za deca i nejzinite vospitni možnosti. Samoupravna praktika:Skopje]. (In Macedonian)
Миркуловска, Бистрица (2001) Тополите на крајот од дедовата ливада. Македоника, Скопје.[Mirkulovska, Bistrica (2001). Topolite na krajot od dedovata livada. Makedonika. Skopje]. (In Macedonian) URL: http://www.makedonika.mk/viewer.html?book=f5ee381d-6284-40ed-8a56-efb5d6e9cb4f# (датум на пристапување: 15.06.2022)
Мојсова-Чепишевска, Весна. (2019). Клуч во клучалката на детството. Матица македонска:Скопје. [Mojsova-Čepiševska, Vesna. (2019). Kluč vo klučalkata na detstvoto. Matica makedonska:Skopje] (In Macedonian)
Неделковски, Велко. (2008). Поговор. во Зелената приказна, Шавревски, Звонко. Детска радост: Скопје. [Nedelkovski Velko. (2008). Pogovor. vo Zelenata prikazna. Šavrevski, Zvonko. Detska radost: Skopje] (In Macedonian)
Ристова, Мимоза. (1999). Професорот Еднокамчев, Ми-Ан: Скопје. [Ristova, Mimoza. (1999). Profesorot Ednokamčev. Mi-An: Skopje] (In Macedonian)
Роџерс, Р. Карл. (2015). Како се станува личност. Арс студио: Скопје. [Rogers Carl. (2015). On becoming a person. Ars studio: Skopje.] (In Macedonian)
Симјановски, Стојмир. (1977) Ацела. Детска радост: Скопје. [Simjanovski, Stojmir. (1977). Acela. Detska radost: Skopje.] (In Macedonian)
Урошевиќ, Влада. (1988). Демони и галаксии, Македонска книга; Скопје. [Urošević, Vlada. (1988). Demoni i galaksii. Makedonska kniga:Skopje.] (In Macedonian)
Фишер Френк и Хајер Мартен (2009) Живеење со природата. Табернакул: Скопје. [Fischer Frank & Hajer Maarten (2009) Živeenje so prirodata. Tabernakul: Skopje] (In Macedonian)
Шаревски, Звонко. (2008). Зелената приказна. Детска радост. Скопје. [Šarevski, Zvonko. 2008. Zelenata prikazna. Detska radost: Skopje.] (In Macedonian)
Bateson, Gregory. (1972). Steps to an Ecology of Mind. University of Chicago Press.
Mojsieva - Gusheva, Jasmina. (2019). Екологијата како книжевна тема (македонско-хрватски паралели). [Ekologijata kako kniževna tema (makedonsko-hrvatski paraleli)] Međunarodni znanstveni skup Hrvatsko-makedonske književne, jezične i kulturne veze 5. Rijeka Во: Hrvatsko-makedonske književne, jezične i kulturne veze. Prir.: Durić, D., Zubčić, S. Sveučilište u Rijeci: Rijeka. (In Macedonian) str. 85-97.
Strauss, Claudia. (1992). Introduction. In Roy D’Andrade & Claudia Strausss, Human Motives and Cultural Models. Cambridge: Cambridge University Press.
Žarden, Džozef R. de (2006) Ekološka etika. Uvod u ekološku filozofiju, Službeni glasnik, Beograd. (In Serbian)
Авторски права (c) 2022 Jasmina Mojiseva-Gusheva
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.