ДВОЈНА ПОЛУЈАЗИЧНОСТ И ДЕИКСА

Автори

  • Ненад П. ГЛУМБИЌ University of Belgrade, Faculty of Special Education and Rehabilitation, Belgrade, Serbia
  • Ане М. БОЖИНОВИЌ ШОСО "Свети Сава" - Умка, Белград, Србија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

деикса, лесна ментална ре­тар­дација, билингвизам

Апстракт

Деиктичките зборови се семантички празни збо­­рови чие конкретно значење зависи од кон­тек­­стот. Децата со лесна ментална ретардација ов­ладуваат со правилна употреба на деиктички лек­семи значително подоцна во споредба со децата со просечни интелектуални способ­нос­ти, меѓу­тоа нивните достигнувања  одговараат на дос­тиг­нувањата на децата со иста ментална возраст.  
Цел на ова истражување е да ги утврди евен­ту­ал­ните разлики во совладувањето на деик­тич­ки­­­те лексеми кај монолингвалните и билинг­вал­­ните деца со лесна ментална ретардација.
Примерокот содржи 90 испитаници со лесна мен­тална ретардација, двата пола, на возраст од  12 до 15 години. Примерокот е поделен на три пот­примероци со по 30 испитаници. Првиот и вто­риот потпримерок го чинат монолингвални де­ца со различно етничко потекло, додека  тре­ти­от потпримерок ги опфаќа билингвалните ис­пи­та­ници. Можноста за употреба на деиктич­ни­те лексеми е испитана со примената на Јазич­ни­от корпус за процена на употребата на деик­тич­ки­те лексеми.        
Резултатите покажуваат дека способностите за со­од­ветна употреба на деиктиката се ста­тистички значајно подобро развиени кај обете групи на монолингвални испитаници во однос на билигвалните испитаници со лесна ментална ретардација (p<0.001).

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2006-03-31

Како да се цитира

ДВОЈНА ПОЛУЈАЗИЧНОСТ И ДЕИКСА. (2006). Дефектолошка теорија и практика, 7(1-2), 17-22. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 57

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.