АКУСТИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОНСОНАНТИ

Автори

  • Лидија РИСТОВСКА City General Hospital "8th September", Department of Otorhinolaryngology, Division of Audiology, Skopje, Macedonia
  • Зора ЈАЧОВА Филозофски факултет, УКИМ, Скопје, Македонија
  • Људмил СПАСОВ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, Македонија.
  • Тодорка БАЛОВА Македонски народен театар, Скопје, Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Вовед: Значајна информација за квалитетот на говорот се добива од формата на спектрограмот, кој содржи квантитативни податоци за звукот. Спектралните карактеристики на консонантите може да се анализираат со определување на спектралните моменти.

Цел: Целта на студијата беше да се калкулираат спектралните моменти на македонските консонанти и фреквенциите на формантите од F1 до F5, како и основната фреквенција (F₀) на назалите и латералите.

Материјал и метод: Во студијата беа вклучени 15 изворни говорители на македонскиот јазик, пет мажи и пет жени на возраст од 26 до 50 години (средна возраст 38,9 ± 9,6 години), како и пет деца, две момчиња и три девојчиња, на возраст од 9 до 14 години (средна возраст 10,6 ± 1,9 години). Консонантите беа снимени како изолирани фонеми и анализирани со компјутерската програма Praat.

Резултати: Средната вредност на центарот на гравитација кај сите консонанти беше во опсег од 428 Hz до 4021 Hz. Средната вредност на спектралната стандардна девијација беше во опсег од 363 Hz до 3108 Hz. Највисоки вредности беа добиени кај фрикативот /с/ кај децата. Средната вредност на наклонот на спектарот беше позитивна кај сите консонанти. Средната вредност на куртозисот исто така беше позитивна кај сите консонанти, освен кај фрикативот /ш/ (-1,4) кај женските говорители.

Заклучок: Центарот на гравитација и спектралната стандардна девијација кај консонантите, анализирани како изолирани фонеми, се пониски од вредностите добиени во контекст на вокали заради ефектот на коартикулацијата, во која една фонема влијае врз продукцијата на претходната и следната фонема. Наклонот на спектарот и куртозисот се позитивни кај најголем број говорители, што укажува на концентрација на енергијата во ниските фреквенции и релативно високите пикови во спектарот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2019-03-31

Како да се цитира

АКУСТИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОНСОНАНТИ. (2019). Дефектолошка теорија и практика, 20(1-2), 46-62. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)