ОД РЕХАБИЛИТАЦИЈА ДО ОПОРАВУВАЊЕ: ИСКУСТВАТА НА САМОПОМОШ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ ПОСЛЕ НАСИЛСТВОТО

Автори

  • Франческа ЕСПОЗИТО ISPA-lnstituto Universitario Applied Psychology Research Center, Rome, Italy
  • Мануела ТОМАИ Оддел за динамска и клиничка психологија, „Сапиенца универзитет во Рим, Рим, Италија
  • Валентина НАНИНИ Оддел за динамска и клиничка психологија, „Сапиенца универзитет во Рим, Рим, Италија
  • Луција ЏИАРДИНЕРИ Оддел за динамска и клиничка психологија, „Сапиенца универзитет во Рим, Рим, Италија
  • Педро АЛЕКСАНДРЕ КОСТА ИСПА-Универзитетски институт, Истражувачки центар за применета психологија, Рим, Италија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

самопомош, опоравување, насилство врз интимниот партнер

Апстракт

Насилството врз интимниот партнер е сериозен здравствен проблем и прекршување на човековите права и има влијание врз животите на многу жени насекаде во светот. Жртвите на злоупотреба укажуваат на големиот број негативни последици во физичката, психолошката и социјалната сфера на нивниот живот. И покрај големиот број на истражувања за ефективноста на групите за поддршка, самопомошта е метод кој е ретко истражуван во однос на неговите можни ефекти во случаите на насилство помеѓу интимните партнери.

Во овој труд се анализирани искуствата од самопомош кои се развиени во рамките на услугите кои се насочени против насилство во општина Рим. Беше спроведено и колаборативно истражување со цел да се процени влијанието кое самопомошта го има врз квалитетот на живот на учесниците. Ние го присвоивме концептот за квалитетот на живот создаден од Нусбаум, понатаму дефиниран со помош на нејзината листа на 10 способности на човекот.

Раскажувањата од учесничките беа анализирани преку тематски анализи. Резултатите покажаа значајно влијание на групата во однос на квалитетот на животот кај жените. Афилијацијата беше нагласена како централна способност, преку која се создаваат и развиваат и други способности, особено практичното размислување и емоциите. Политичката контрола над околината на една личност е една од клучните способности, манифестирана во желбата да им се помогне на други жртви и ангажираноста во активности за одбрана.

Групата за самопомош изгледа дека има функција на катализатор за развивање на индивидуалните способности кои постојат на минимално ниво, во ситуации во кои надворешните услови го овозможуваат тоа. Се дискутира и за импликациите во однос на насоките за имплементација на програмите против насилството и политиките против насилство.

       

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Објавено

2018-09-30

Како да се цитира

ОД РЕХАБИЛИТАЦИЈА ДО ОПОРАВУВАЊЕ: ИСКУСТВАТА НА САМОПОМОШ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ ПОСЛЕ НАСИЛСТВОТО. (2018). Дефектолошка теорија и практика, 19(3-4), 85-104. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.