ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Институт за дефектологија при Филозоф- ски факултет во Скопје традиционално секоја година го одбележува 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. По тој повод на 1.12.2017 година во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа тркалезна маса на тема „Трансформација кон одржливо и флексибилно општество“, согласно официјалната овогодишна тема на Организацијата на Обединетите нации. Во фокусот беше иднината на лицата со инвалидност корисници на установите од областа на социјална заштита и посебните основни и средни училишта и трансформацијата на овие институции кои несомнено мора да ги следат современите текови. Учесници на тркалезната маса беа сите чинители во процесот на трансформацијата (претставници од Министерсво за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, претставници од посебните училишта и заводите и сите државни институции).
Традиционално секоја година во рамки на одбележувањето на овој денФондацијата
„Проф. д-р Љупчо Ајдински“ доделува награда за посебни достигнување од областа на дефектолошката теорија и практика. И годинава проф. Љупчо Ајдински, истакнат професор во пензија и хуманист, додели признанија за највисоко рангиран студент при уписот на Институт за дефектологија, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор со највисок просек од теконата година, како и две признанија за наголем придонес во земјава и регионот.
Покрај организацијата на тркалезната маса, на 3.12.2017 година, Институтот за дефектологија го одбележа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност и со организација на работилница „Даруваме од срце“ за изработка на новогодишни честитки. Собраните средства од овој настан беа донирани за младинците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци Скопје за да можат да го оплеменат својот нов дом.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 Маја Филиповска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
