РОДИТЕЛСКИТЕ ИНДИКАТОРИ НА СИГУРНОСНАТА ПРИВРЗАНОСТ НА ДЕТЕТО И УМЕРЕНАТА УЛОГА НА ТЕЛЕСНИТЕ НАРУШУВАЊА КОИ ГИ ИМА ДЕТЕТО: ПРЕФОРМУЛИРАЊЕ НА РОДИТЕЛСКИТЕ ПРОГРАМИ ЗА СЕМЕЈСТВА ВО КОИ ДЕЦАТА СЕ АФЕКТИРАНИ ОД НЕВРОЛОШКА БОЛЕСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
сигурносна поврзаност нарушување, невролошка болест, родителствоАпстракт
Вовед
Телесните и менталните нарушувања се предизвик за родителите чии деца имаат некаков вид нарушување, поткопувајќи ја чувствителноста што ги зголемува можностите на детето кое има невролошко нарушување да се поврзе со родителите на несигурен начин.
Цел
Ова истражување има цел да ја истражи улогата на перцепцијата на родителите при предвидувањето дека детето сигурносно се приврзува кон нив и дали нивните ефекти сè уште постојат и го контролираат присуството на нарушувањето кое го има детето, особено кога станува збор за невролошките болести. Понатаму, исто така е тестирана потенцијалната умерена улога на нарушувањето кое го има детето во врската помеѓу перцепцијата на родителите и сигурносната приврзаност на детето.
Метод
Пригоден примерок од 50 српски нуклеарни семејства (мајки, татковци и деца) беа регру- тирани: 25 семејства со деца кои се афектирани од невролошки проблеми и 25 семејства со деца со нормален развој. Скалата на сигурност им беше администрирана на децата за да се утврди сигурносната приврзаност каде што две скали ја истражуваа перцепцијата на родителите за сигурноста и верувањата за перцепцијата на децата беа администрирани до нивните мајки и татковци. Беа спроведени анализа на умереност и анализа на повеќекратна регресија.
Резултати
Верувањата на татковците за перцепцијата на децата се единствениот предвидувач на рејтинг за сигурноста кое го има детето кон таткото, независно од нарушувањето кое го има детето. Суштински, иако не е утврден значаен статистички показател во односот на ефектот на умереноста, според кој присуството на нарушување кај детето изгледа дека го намалува позитивното влијание на перцепцијата на таткото, како сигурен родител во однос на сигурносната приврзаност на детето.
Заклучоци
Родителската чувствителност е клучен фактор за промоцијата на сигурносната приврзаност и кај децата кои имаат некакво нарушување и кај децата со нормален развој. Родителските програми за семејствата со деца кои имаат невролошки проблеми може да ја зголемат перцепцијата на таткото како сигурен родител, како заштитнички фактор со кој се подобрува сигурносната приврзаност на детето.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 Андреа Капуто

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
