МУЛТИПНИТЕ ОШТЕТУВАЊА КАЈ ЛИЦАТА СО УМЕРЕНА И ТЕШКА МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА НИВОТО НА ПСИХОМОТОРНАТА ОРГАНИЗИРАНОСТ

Автори

  • Тања Мишовска-Стојковска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

мултипни оштетувања, ментална ретардација, психомоторна организација

Апстракт

Проблемот на мултипните оштетувања е стар колку и постоењето на човекот. Но, свеста за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипни оштетувања како и изнаоѓањето на методи, средства и начини за воспитание, образование и рехабилитација на лицата со мултипни оштетувања е релативно млад и се појавува некаде кон средината на XX век.

Мултипните оштетувања како проблем на дефектологијата на балканските простори се наметнува во периодот на педесеттите години  на XX век во зборовите на Borić A. која вели: „Различните комбинации на дефекти не претставуваат збир на два или три дефекта, туку се работи за квалитативно нова појава, која бара посебно разработување, а во практиката и посебни методи на работа.“

Мултипните оштетувања се комбинација од неколку оштетени функции, кои се појавуваат во едно исто време кај едно исто лице.

Сепак, мултипните оштетувања не се механички збир на оштетувања и растројства. Оштетувањата и растројствата меѓу себе взаемно дејствуват и го определуват мултипниот ефект.

Според една од најприфатените дефиниции „мултипно оштетување“ може  да го  наречеме она оштетување кое со својата комбинација доведува до радикални девијации во социјалното поле на повеќекратно оштетената личност, па како таква, личноста бара квалитативно прилагоден третман во однос на самото примарно оштетување.

Авторите кои го истражуваат проблемот на мултипните оштетувања се сложуваат дека: мултипните оштетувања се сложена кумулација на белези од растројствата што ги сочинуваат;зуелно-аудитивните оштетувања;тетувања имаaт широк спектар на влијание врз општиот психички развој, социјален статус и можноста за обучување на единката. најчесто застапена комбинација се визуално-аудитивните оштетувања; мултипните оштетувања

Воспитанието, образованието и рехабилитацијата на лицата со мултипни оштетувања е доста сериозна, комплексна и одговорна задача. Досега малку е посветено внимание на овој вид  оштетување, па овој проблем е третиран само од еден аспект што претставува изнудено решение и дополнителен напор.

Не постојат доволно епидемиолошки податоци, барем не на нашите простори во однос на прашањето: Како, во кој обем и во кои сегменти мултипните оштетувања се одразуваат на нивото на психомоторниот развој кај лицата со доминантна умерена и тешка ментална ретардација?

Токму од таа причина се определивме да го утврдиме обемот и нивото на психомоторниот развој, односно развојот на одделните квалитети на личноста во однос на степенот на ментална ретардација (умерена и тешка) и во однос на  дијагностицираните мултипни оштетувања со цел да се создадат услови за организирање и спроведување на соодветен мултидисциплинарен рехабилитационен третман, работно ангажирање, организирање на слободното време и воопшто на целокупниот општествен живот.

Третманот што ќе се спроведе во процесот на рехабилитацијата на лицата со мултипни оштетувања, зависи од класификација според доминантноста на оштетувањето, односно дали се работи за лица со доминантна менталната ретардација, аудитивно, визуелно, соматско оштетување или станува збор за неодредена доминантност.

Сепак заедничко за сите програми на работа е воведувањето на стимулативен мултидисциплинарен индивидуален третман во кој според примарното оштетување ќе се користи моторна, вербална стимулација, фоностимулација, фотостимулација и стимулација на гностичките функции,лаксацијата како посебен вид на третман што се спроведува пред секој вид на стимулација. вклучувајќи ја и релаксацијата како посебен вид на третман, кој е применуван пред било каков вид стимулација.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2009-09-30

Како да се цитира

МУЛТИПНИТЕ ОШТЕТУВАЊА КАЈ ЛИЦАТА СО УМЕРЕНА И ТЕШКА МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА НИВОТО НА ПСИХОМОТОРНАТА ОРГАНИЗИРАНОСТ. (2009). Дефектолошка теорија и практика, 8(3-4), 131-133. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 107

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.