ЛИЧНИОТ ИДЕНТИТЕТ КАЈ ГЛУВИ АДОЛЕСЦЕНТИ

Автори

  • Јоана КОСЕВСКА Department of Psychology, Pedagogical University, Cracow, Poland

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

личен идентитет, глуви адолесценти, состојба на слушање

Апстракт

Целта на оваа студија беше да се истражат фак­торите кои влијаат врз идентитетот на глувите адолесценти. Студијата вклучи 67 адолесценти (38 момчиња и 29 девојчиња на возраст од 16 до 19 години, ученици во средно училиште). Деведесет и три деца кои слушаат ја сочинуваа споредбената група. Структурата на идент­и­те­тот се испитуваше врз основа на референците за идентификација што ги дадоа субјектите кои требаше да одговараат написмено дваесетпати по ред, на прашањето: Кој сум јас? (тест на M. H. Kuhn и T. S. McPartland адаптиран од Mar­tines и Silvestre, 1995, даден во писмена форма и знаковна форма).
Резултатите покажаа дека статусот на слухот и стилот на комуникацијата влијаат врз описот на личниот идентитет. Беше откриено дека глуви­те адолесценти користат повеќе описи, особено во следните категории: граѓански статус, телес­на и физичка појава, вкусови и активности, при­ја­телство и врски, лична и социјална полож­ба, негативни лични карактеристики и неутрал­ни лични карактерис­ти­ки. Иако оваа студија би можела да демон­стри­ра влијание на независни варијабли врз идентитетот, податоците ја зголе­му­ваат потре­ба­та  од понатамошно, ако е мож­но, лонгиту­ди­нал­но истражување.
Комбинираните самодес­крип­­тивни процеси во­дат до развој на органи­зи­ран, учен и динамичен идентитет, а субјек­тив­ниот опис на една ин­ди­видуа има силни емо­ционални последици кај релевантната инди­видуа.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-03-31

Како да се цитира

ЛИЧНИОТ ИДЕНТИТЕТ КАЈ ГЛУВИ АДОЛЕСЦЕНТИ. (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(1-2), 67-75. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 67

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)