ЧЛЕНОВИ НА МНЗА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА АУТИЗАМ ВО ПОЛСКА

Автори

  • Василка ГАЛЕВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

На покана на Националното здружение за аутизам од Полска - огранок Краков, четири чле­на на Македонското научно здружение за аути­зам (проф. д-р Владимир Трајковски,   д-р Емилија Лазарова-Трајковска, Живка Ди­­мит­ровска и Василка Галевска) од 24-ти до 30-ти ноември 2008, престојуваа во Кра­ков, Полска.
Посетата беше остварена во рамките на проек­тот „Еколошки системи на поддршка на лицата со аутизам“ и истата учествуваше на меѓународната научна конференција „Дож­­довниот човек е меѓу нас“, Екипата оства­ри сту­диска посета на неколку уста­нови и учест­вуваше во работилници орга­ни­зи­рани за НВО-ите кои работат на пробле­ма­ти­ката на аутизмот во Централна и Источна Европа.
Чле­новите на МНЗА имаа можност да по­сетат неколку установи за лица со аутизам во Краков, од кои ќе ги издвоиме Посебното учи­лиште за деца со аутизам бр. 13 и По­себ­ното училиште за деца со аутизам бр. 4. Та­му им беше претставена организациската пос­тавеност на училиштата и нивните актив­нос­ти, а им беше овозможено и опсервација и директно учество во работата со уче­ни­ци­те на самите часови. Исто така, членовите на МНЗА го посетија и Центарот за здравст­ве­на заштита на лица со аутизам, каде им беше презентирана организацијата и дејноста на установата.
Ме­ѓу­народната конференција „Дождовниот чо­век е помеѓу нас“ се одржа на Педагош­киот факултет при Универзитетот во Краков, од 27 до 29 ноември 2008.На првиот ден од Конференцијата, по свече­ното отворање и поздравните обраќања на
про­фесорите од Универзитетот и претстав-
ни­кот на локалните власти, следеше вовед­ното предавање на едно од најпознатите имиња во областа на аутизмот - професорот Пол Шаток. По пленарната сесија, дис­кусии­те продолжија организирани во четири темат­ски сесии. Во рамките на сесијата 3, со тема „Личноста со аутизам и ексосис­тем­ски­те решенија“, Василка Галевска настапи со пре­зентација на трудот „Компаративна ана­лиза на ставовите на родителите на децата со и без аутизам во однос на организацијата на сис­темот на заштита, едукација и реха­били­та­ција на лицата со аутизам во Република Маке­донија“. Во рамките на четвртата сесија „Личноста со аутизам во макросистемот“ пак, Емилија Лазарова-Трајковска го прет­ста­ви Македонското научно здружение за аути­зам и неговите активности.
Вториот ден од Конференцијата продолжи со излагања во две пленарни сесии, од кои мо­же да се издвои излагањето на Рита Џор­дан - уште едно од светски познатите имиња од областа на аутизмот, а беше организирана и специјална работилница за музичката еду­кација на децата со аутизам и постер-сесија.
Последниот ден од Конференцијата, во рам­ки­те на последната пленарна сесија, своја презентација имаше проф. д-р Вла­димир Трај­ковски кој настапи со својот труд “Ге­нет­ска евалуација и генетско советување кај аутизмот”. На крајот на конференцијата се одржаа и две работилници на теми поврзани со микросистемската поддршка на лицата со аути­зам.
Исто така, членовите на МНЗА имаа мож­ност да присуствуваат уште на два посебно орга­низирани настани во рамките на Кон­фе­рен­цијата: ликовната изложба на лица со аути­зам “Добредојде во мојот свет” во гале­ри­јата во Краков и концертот на лица со аути­зам, одржан во концертната сала “Радио Краков”.­

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-09-30

Како да се цитира

ЧЛЕНОВИ НА МНЗА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА АУТИЗАМ ВО ПОЛСКА. (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(3-4), 100-102. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)