48 СЕСИЈА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ТЕМА: „ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ-ПАТОТ КОН ИДНИНАТА“, ЖЕНЕВА

Автори

  • Василка ГАЛЕВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во периодот од 25 до 28.11.2008 година, во Же­нева, Швајцарија, беше одржана 48-та се­сија на Меѓународната конференција за обра­зование на тема: „Инклузивно обра­зо­ва­ние - патот кон иднината“, во организација на УНЕСКО и Меѓународното биро за обра­зо­ва­ние (International Bureau of Education-IBE).
153 држави членки на УНЕСКО пратија свои претставници на конференцијата, на ни­во на министри за образование, заменици-ми­нистри, државни секретари, високи служ­бе­ници од министерствата за образование, амба­садори на постојните мисии акре­ди­тирани при ООН. Покрај наведените, учест­ву­ваа и претставници од 20 меѓувладини организации, 25 невладини организации, екс­перти за образование.
Република Македонија беше претставена од офи­цијална делегација во состав: амба­садо­рот Ѓорѓи Аврамчев, постојан претставник при Постојаната мисија на Р. Македонија при ООН во Женева; Сашо Додевски, член на Кабинетот на министерот за образование и наука; Марија Симонова, советник за по­себ­но образование во Бирото за развој на обра­зованието; Билјана Тасевска, опол­но­мош­тен министер при Постојаната мисија на Р. Македонија при ООН во Женева.
Конференцијата имаше за цел да ја поттикне реали­зацијата на глобалната акција на УНЕСКО  „Образование за сите“, а се диску­ти­раа повеќе прашања поврзани со инклу­зив­ното образование, односно неговото за­јак­нување, проширување и поширока при­ме­на во земјите од светот.
Република Македонија се претстави со основ­ната порака и наслов на кампањата ко­ја ја водеше под раководство на министерот г-дин Перо Стојановски: „Знаењето е сила, знае­њето е моќ“, притоа укажувајќи на изме­ни­те во образовниот систем на Републиката, со цел да се овозможи негово унапредување. Бе­ше посочена трансформацијата на сис­темот на осумгодишно школување во систем на деветгодишно школување, воведувањето на задолжително средно образование и бес­плат­ните учебници за сите ученици од основ­ните и средните училишта, како допол­ни­телна стимулација.
Од делегацијата беа претставени и проектот „Компјутер за секое дете“ и кампањата со ко­ја се овозможи бесплатна обука за корис­те­ње на компјутери на сите граѓани, како и приоритетите во образовниот систем, кои го вклучуваат сегментот на инклузивното обра­зо­вание.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-09-30

Како да се цитира

48 СЕСИЈА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ТЕМА: „ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ-ПАТОТ КОН ИДНИНАТА“, ЖЕНЕВА. (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(3-4), 98-99. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)