КРИМИНАЛИТЕТ КАЈ МАЛОЛЕТНИТЕ ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛЕН ДЕФИЦИТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
малолетни престапници, потпросечни, рецедивизам, санкции, кривични дела, социјално-пенолошки појавиАпстракт
Целта на овој труд е да се прикаже учеството и структурата на рецидивизмот кај малолетните лица со интелектуален дефицит во вкупната маса на малолетничкиот криминалитет во Македонија од пенолошки аспект. Во истражувањето се опфатени 62 испитаника кои се на издржување на казна малолетнички затвор или заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом. Од вкупниот број на малолетници кои се на издржување на една од горе споменатите санкции, малолетните лица со потпросечен IQ застапени се со 56,4%. Прикажаното учество е во пенолошка смисла (се однесува на малолетниците кои се на издржување заводска мерка ВПД или казна малолетнички затвор) што не значи дека оваа категорија на малолетни престапници со толкав процент учествуваат во вкупниот број на пријавени, обвинети и осудени малoлетни лица. Според резултатите од истражувањето може да се констатира дека заостанувањето во интелектуалниот развој е индикатор за делинквентно однесување, но во ниеден случај не може да биде пресуден или најзначаен криминоген фактор. Од вкупниот број на малолетни престапници со интелектуален дефицит 80% се повторници во кривично-правна смисла. Загрижува фактот што 56% од потпросечните малолетни престапници за првпат во судир со законот дошле до 14-та година од животот, односно како категорија на деца.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Зоран Киткањ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
