КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ФОНОЛОШКО – АРТИКУЛАТИВНИТЕ РАСТРОЈСТВА ВО ФУНКЦИЈА НА ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
дислалија, развојна дисфазија, фонолошко-артикулативно отстапувањеАпстракт
Гласовната експресија е првиот впечаток за говорот и јазикот. Независно од етиологијата на говорно-јазичниот проблем, прв знак е патолошкиот изговор. Во периодот на раната училишна возраст еден патолошки развоен говорно-јазичен ентитет е често проследен и со оштетување на фонолошко – артикулативниот сегмент.
Истражувањето има за цел да ја утврди и спореди фреквенцијата, видот и секоја артикулативно-акустичка особеност на оштетениот глас кај децата со дислалија, како и кај оние со развојна дисфазија.
Ова микроистражување опфаќа 71 испитаник, на возраст помеѓу 6 и 8 години, 35 испитаници со развојна дисфазија и 36 испитаници со дислалија. Нивните постигнувања се подложени на компаративна анализа преку тестирање со два релевантни теста.
Врз основа на добиените резултати се заклучува дека:
Кај децата со дислалија најчесто се присутни оштетувања на гласовите од типот на дисторзија, додека кај децата со развојна дисфазија најчесто е присутна супституцијата. Кај децата со дислалија најчесто се оштетени гласовите од групата на фрикативи, додека кај децата со развојна дисфазија постојат гласовни отстапувања во скоро сите гласовни групи. Кај двете групи на испитаници најчесто е присутно отстапување во артикулацијата на гласовите заради погрешното место на формирање на гласот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Ана Поповска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
