80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО И 65 ГОДИНИ ОД ХУМАНАТА ПЕДАГОШКА И НАУЧНА ДЕЈНОСТ НА ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
На 28 април 2010 година во Домот на АРМ се одржа свечено чествување по повод 80 години од раѓањето и 65 години од хуманата педагошка и научна дејност на проф. д-р Љупчо Ајдински.
Во рамките на ова чествување за животот и делото на проф. д-р Љупчо Ајдински говореа неговите колеги и пријатели, конкретно свое обраќање имаа доц. д-р Зоран Киткањ, проф. д-р Јован Пејковски, г-дин Бранимир Јовановски и г-ѓа Грозда Данова. Во нивните излагања беше истакната хуманистичката дејност на проф. д-р Љ. Ајдински, неговата голема улога во развојот на дефектолошката наука, образување на дефектолошки кадри и секако неговите ангажирања за унапредување на третманот на лицата со пречки во развојот во Република Македонија.
Во рамките на свеченоста беше организирана и изложба на широкиот опус на објавени книги, монографии, учебници, награди и признанија.
Свечената прослава беше збогатена и со културно уметничка програма од страна на Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен вид „Димитар Влахов“, како и интерпретација на истакнатите музички вокали Виолета Томовска, Милка Ефтимова и Јасмина Чакар. Потеклото, животниот пат, неговите ангажирања, успеси, признанија се опишани во извонредната монографија „Професор Љупчо Ајдински“ напишана од страна на Проф. д-р Кирил Темков и г-дин Стојан Тренчевски. Крајот од оваа свеченост беше резервиран токму за промоција на оваа монографија, која од една страна во целост го заокружи ова свечено чествување, а од друга страна има особено значење бидејќи нуди овековечување на животот и делото на овој хуманист.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Ангелка Велкоска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
