МАНИФЕСТ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО СКОПЈЕ
,,Кон живеење во заедницата: актуелни состојби - идни предизвици“
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
Манифест, Скопје, ЕАСПДАпстракт
На 7-ми и 8-ми октомври 2010 година, на Конференцијата во Скопје учествуваа 220 претставници на меѓународни организации, обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост, професионални лица, семејства на корисници на сервисни служби и лица со попреченост, како и претставници од научната заедница.
Конференцијата ја отвори министерот за труд и социјална политика во владата на Република Македонија, а се наоѓаше и во календарот на главни настани во Македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа. За првпат во историјата на ЕАСПД, на годишна конференција имаше истовремено учество на претставници од Европската унија, Советот на Европа и Обединетите нации.
Сите учесници ја искористија оваа единствена можност да разговараат за понатамошната имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, особено откако темелно ги разгледаа ризичните прашања во овој сектор во Југо-источна Европа. Исто така, конференцијата им овозможи на клучните чинители да изградат мостови во знаењето и практиките, надминувајќи ги географските и културните граници.
Делегатите ги споделија своите искуства од видливото влијание на економската и финансиската криза во социјалните сервисни служби и изразија силно несогласување за последователните мерки кои ги преземаа многу влади низ континентот, особено радикалните намалувања во јавното финансирање насочено кон секторот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Лук Зелдерлу

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
