НАГЛУВОСТА И ОШТЕТУВАЊЕТО НА ВИДОТ КАКО ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА ДОЦНА ДЕПРЕСИЈА

Автори

  • Роза Насте КРСТЕСКА Psychiatric Hospital Skopje, Department of Geriatric Psychiatry, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

коморбидитет, ош­те­ту­ва­ње на слухот, оштетување на видот, доцна де­­пре­сија

Апстракт

Вовед: Доцната депресија е една од нај­фрек­фен­тните заболувања кај старите лица и таа чес­то останува непрепознаена. Една од при­чи­ни­те за непрепознавањето на доцната де­пре­сија е коморбидитетот. Оштетувањето на слу­хот и видот е многу честа состојба кај ста­ри­те и епидемиологијата заедно со про­бле­мите поврзани со видот и слухот сè уште се недоволно истражувани. Доцната де­пре­си­ја е често придружена со оштетувања на слу­хот и видот.

Предмет: Цел на студијата е да се евалуира врс­ката меѓу функционирањето на слухот и ви­дот и доцната депресија.

Методи: Истражувањето претставува ана­ли­тич­ка пресечна студија со рандомизиран при­мерок од 120 постари лица, 60 пациенти со доцна депресија и 60 постари лица кои жи­веат во друштвото без историја за де­пре­си­вни симптоми, на возраст над 60 години. 
Податоците кај сите испитаници беа собрани со прашалник дизaјниран за целите на сту­ди­ја­та за мерење на тежината на симптомите (ска­ла од 1. до 3. степен - од благо до тешко) за наглувоста и оштетувањето на видот што ги даваа самите испитаници. Исто така беше кор­истена и постоечката медицинска до­ку­мен­тација и Геријатриската скала за де­пре­си­ја.
Резултати: Поголем број од пациентите со доц­­на депресија страдаа од оштетување на слу­­хот и видот споредено со недепресивните пос­­тари лица: оштетување на слухот  (χ2=6.97, df=1, p=0.0083) и оштетување на ви­­дот (χ 2=4.37, df=2, p=0.012).

Заклучок: Резултатите сугерираат дека ри­зи­­кот за доцна депресија е зголемен меѓу пос­­та­ри­те лица со оштетување на слухот и видот. Спро­ведувањето на комплетен го­ди­шен пре­глед на видот е најважен чекор што кај старите ли­ца  може да помогне во сле­де­ње­то и заш­ти­та­та на нивното здравје на ви­дот. Неопходен е ру­тински скрининг и ран трет­ман на де­пре­си­ја­та кај постарите па­циен­ти со оштетување на слухот и видот во при­марната здравствена заш­ти­та. Оф­тал­мо­ло­зи­те и отолозите би тре­ба­ло да бидат свес­ни за неопходноста на ру­тин­ски скрининг на ге­ри­јатриските синдроми на оч­ни­те и уш­ни­те клиники.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2012-03-31

Како да се цитира

НАГЛУВОСТА И ОШТЕТУВАЊЕТО НА ВИДОТ КАКО ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА ДОЦНА ДЕПРЕСИЈА. (2012). Дефектолошка теорија и практика, 13(1-2), 46-60. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 57

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.