ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ – 2 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Ана ПЕТКОВСКА Macedonian Scientific Socitey for Autism, Institute for special education and rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje, Republic of Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Продолжувајќи ја традицијата на одбележување на Меѓународниот ден на аутизмот и оваа година Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) организираше манифестација која имаше спортско-забавен карактер. Настанот се одржа на 1 април во салата Македонско сонце на ОУ 11 Октомври - Скопје, со почеток во 11 часот. Манифестацијата ја отвори дете со аутизам, Фариз Селмановиќ, кое рецитираше две песни. Воведен говор одржаа секретарот на град Скопје, г-ѓа Гордана Клинчарова, директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски и претседателот на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), проф. д-р Владимир Трајковски. Водител на настанот беше Ребека, естраден уметник, а воедно и мајка на дете со пречки во развојот. Турнирот во мал фудбал беше од ревијален карактер, а учествуваа следниве екипи: родители на деца со аутизам, поранешните ѕвезди на ФК Вардар, екипа на Агенцијата за спорт и млади на РМ, професорите од МНЗА и Филозофскиот факултет, Спортско радио, здружението Во мојот свет, студенти од Институтот за социјална работа и политика и Град Скопје. Во полуфиналето играа екипите на Агенцијата за млади и спорт на РМ, здружението Во мојот свет, Спортско радио и Град Скопје. Во финалниот дел, како победник на натпреварот   беше   екипата   на   Агенцијата за млади и спорт на РМ која играше со екипата на Спортско радио. Натпреварите се играа по 40 минути, а по секој одигран натпревар следуваше настап со две песни на македонски естрадни уметници. Во овој дел учествуваа Јоце Панов, Ристе Тевдовски и групата ДНК кои на присутните дечиња им поделија ЦД-иња со нивни песни. Настанот го посетија повеќе од 350 гости, на кои волонтерите на МНЗА им поделија памфлети со основните информации за аутизмот. Покровител на настанот беше Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, а поддржувач општина Центар. Медиумски покровител на настанот беше Спортско радио. Два дена пред целата манифестација се одржа прес конференција, во просториите на Агенцијата за млади и спорт на РМ, на која беа извлечени двојките за натпреварите.
На 2 април Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) беше соорганизатор на манифестацијата која ја организираше здружението Во мојот свет на плоштадот Македонија во Скопје, главен град на Република Македонија. Покрај обраќањето на претседателот на здружението Во мојот свет г-дин Златко Стојановски, свој воведен говор имаше и претседателот на МНЗА, проф. д-р Владимир Трајковски. Целиот настан беше осмислен со богата музичка програма и интересни активности за најмалите.
На иницијатива на МНЗА и со поддршка од општина Центар, фонтаната и споменикот Воин на коњ на први и втори април светеа во сино, како дел од кампањата Light It Up Blue. Исто така своја поддршка дадоа и продавниците во ТЦ Соравија, кои своите излози ги поставија во сина боја.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2012-09-30

Како да се цитира

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ – 2 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2012). Дефектолошка теорија и практика, 13(3-4), 115-116. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)