ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА „СОВРЕМЕНИ АСПЕКТИ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, во 2013 година прославува јубилеј 20 години од започнувањето на студиите по дефектологија и по тој повод ја организира својата Четврта меѓународна конференција на тема „Современи апекти на специјалната едукација и рехабилитација“. Конференцијата ќе се одржи во периодот од 17-19 октомври 2013 година, во Охрид, градот на УНЕСКО, познат и како балкански и европски Ерусалим. Од Конференцијата ќе бидат публикувани зборник на резимеа и зборник на трудови (само од оние трудови кои ќе бидат презентирани). Едно лице може да се јави како автор на најмногу еден труд, а коавтор на најмногу три труда. Резимеата треба да се достават најдоцна до 31. 03. 2013 година, а целите трудови најдоцна до 31. 05. 2013 година. Резимеата и трудовите пристигнати по дадената временска рамка нема да бидат разгледувани и прифатени во програмата на Kонференцијата и во предвидените зборници.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Ирена Новаческа

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
