СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНСКОTO НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ И РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ – „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Автори

  • Ана ПЕТКОВСКА Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

На 22 декември 2012 година Македонското науч­но здружение за аутизам (МНЗА) заедно со Ротари клубот Скопје – „Кирил и Ме­то­диј“ организираше предновогодишна забава за децата со аутистичен спектар на на­ру­шу­ва­ње. Забавата се одржа во игротеката „Астера“ во Скопје, населба Тафталиџе и  траеше око­лу 2 часа. На забавата присуствуваа 34 деца со аутистичен спектар на нарушување заедно со нивните браќа и сестри. Бидејќи по­го­ле­ми­от дел од децата се на безглутеинска диета, за нив беа направени пакетчиња со богат еду­ка­ти­вен материјал и со специјализирани иг­рач­ки­ токму за нив, а за нивните браќа и сестри се обезбеди пригоден број пакетчиња со слич­­­на содржина. Како дел од програмата бе­ше­ и неодминливиот Дедо Мраз, кој според сце­на­риото, се појави во одреден момент и им ги делеше пакетчињата на децата.

Од разбирливи причини, како персонални така технички и просторни, на самата про­сла­ва немаше можност да бидат присутни ме­диу­ми со фото и видеокамери. Тоа е ис­то­вре­ме­но и во интерес на запазување на желбата за анонимност на поголемиот број родители. Но, Ротари клубот обезбеди видео и фо­то­до­ку­ментирање кои се веќе поставени на дос­тап­ни интернет платформи (Facebook, Youtube, веб-страницата на МНЗА: www.mssa.org.mk). Овде треба да се напомене дека Ротари клубот Скопје – „Кирил и Методиј“ спроведува проект за помагање и социјализација на децата со аутизам во Р. Македонија. Целиот проект, од самиот почеток се спроведува во целосна соработка и координација со членовите на МНЗА.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2013-03-31

Како да се цитира

СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНСКОTO НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ И РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ – „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“. (2013). Дефектолошка теорија и практика, 14(1-2), 103-104. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)