НЕДЕЛА НА ОТВОРЕН ПРИСТАП
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Оваа година по трет пат се организираше Недела на отворен пристап со што се придонесува кон подигање на јавната свест за отворениот пристап во науката. Настанот се одржа на 24 oктомври во салата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје. Свои презентации на овој настан имаа: Димитар Поповски – докторанд на отсекот за информациски науки во Загреб, проф. д-р Владимир Трајковски – главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“ (ДТП), како и Ирина Шумадиева и Сеад Џигал, координатори на проектот Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија.
На самиот почеток Димитар Поповски ја истакна целта на овој настан, а тоа е промовирање на отворениот пристап во Р. Македонија и подигнување на свеста за академското публикување со отворен пристап. Недела на отворен пристап всушност е манифестација што се случува во целиот свет. Вкупно 170-180 земји во моментот организираат ваков тип на настани. Димитар Поповски во своето излагање го истакна македонското списание за хемија и хемиско инженерство како „онлајн“-списание со највисок импакт-фактор во Македонија и продолжи со презентација на алатките ,,Зотеро“ и ,,Менделеј“ кои претставуваат „онлајн“-менаџери за организација и споделување на истражувачките ресурси. Проф. д-р Владимир Трајковски на присутните им се обрати со темата Open Journal System на Филозофски факултет кој претставува систем за управување и објавување на списанија, развиен од Public Knowledge Project (PKP). OJS е дизајниран специфично да помогне на истражувачите и факултетите во публикувањето на рецензирани списанија од отворен пристап. Проф. Трајковски во понатамошното излагање ја објасни целта на ОЈС, потребата и карактеристиките на ОЈС, неговата флексибилност и предност.
Потоа следуваше презентација од Ирина Шумадиева и Сеад Џигал за придонесот на Метаморфозис во областа на отворениот пристап и отворените образовни ресурси, во истакнување на развиените алатки и содржини кои можат сè уште да се користат од заинтересираните страни.
За сите кои не беа во можност да присуствуваат на овој настан беше обезбеден видеостриминг.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Ана Петковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
