ПСИХОСОЦИЈАЛНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОШТЕТУВАЊЕТО НА СЛУХОТ ВРЗ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИТЕ ОДНОСИ НА МЛАДИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ВО ДРЖАВАТА ОЈО, НИГЕРИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
психосоцијален, оштетување на слухот, интерперсонално однесувањеАпстракт
Лицата со оштетен слух се соочуваат со многу проблеми поради нивната состојба. Тоа негативно влијае на нивната социјална и психолошка добросостојба, а уште повеќе ги погодува интерперсоналните односи. Затоа, ова истражување го испитува психосоцијалното влијание на оштетувањето на слухот врз интерперсоналните односи на младите со оштетен слух.
Методологија
Истражувањето е реализирано со примена на анкета. Примерокот од 211 учесници со оштетен слух беше одбран од Федералниот колеџ за едукација (специјална) во Ојо, Нигерија. Применет е прашалникот од Скалата за психосоцијална компетенција (Psycho-social Competence Scale - PCS) за прибирање податоци, со коефициент на веродостојност 0,72.
Резултати
Резултатите покажаа дека оштетувањето на слухот кај младите влијае на социјалната интеракција, на нивната емоционална добросостојба и дека се чувствуваат инфериорни во присуство на лица без оштетување на слухот. Според тоа, се препорачува домашната средина да биде пријателска, треба да се советуваат младите со оштетен слух да ја прифатат својата загуба и да се соочат со предизвиците за постигнување подобри крајни резултати, а општеството треба да се преориентира кон вистински став и доверба во младите со оштетен слух.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Осисанија Ајо

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
