ОПШТЕСТВЕНА ПРАКТИКА ЗА НАСТАВАТА ПО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ЗА УЧЕНИЦИ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
интелектуална попреченост, описменување, професионализам, документирањеАпстракт
Во Шведска, школувањето на децата со наод и мислење за интелектуална попреченост е организирано во специјални училишта наречени сарсколани. Крајната цел на ова истражување е да се разгледа односот на наставниците кон општествената практика за наставата по читање и пишување во специјалните училишта. Затоа, 40 наставници од северна Шведска беа земени како примерок во емпириското истражување. Од наставниците беше побарано да пополнат прашалник. Еден од заклучоците е дека наставниците имаат различен однос кон општествената практика за наставата по читање и пишување. Според другите добиени заклучоци, пак, наставниците изјавуваат дека не практикуваат документирање на потешкотиите при читање и пишување. Исто така, практиката на водење документација е поврзана со стручната компетентност за подучување на вештините за читање и пишување. Истражувањето укажува дека описменувањето влијае на ставот на наставниците и на нивната практика за документирање.
Сепак, отвореноста кон организирано учење е поделена и, последователно, создава потреба за промена. Според тоа, потребни се повеќе истражувања за понатамошно опишување и објаснување на комплексноста на сегашните заклучоци.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2013 Моника Рајченберг

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
