ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
По повод Mеѓународниот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември, и оваа година беше одржана свеченост на Филозофскиот факултет во организација на Институтот за дефектологија. Главниот акцент беше ставен на креирањето на инклузивното општество, согласно одредената тема од страна на Обединетите нации за одбележувањето на 3 Декември оваа година, која гласи: Надминување на бариерите, отворање на вратите за инклузивно општество и развој на сите!
Во официјалниот дел од програмата свое обраќање имаа раководителот на Институтот за дефектологија проф. д-р Зора Јачова, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје проф. д-р Велимир Стојковски, министерот за образование и наука г. Спиро Ристовски и министерот за труд и социјална политика г. Диме Спасов. Обраќањата на говорниците го посочија досега сработеното во ракмите на својата област, но укажаа и на плановите за понатамошна работа во однос на воспитно-образовниот процес, социјалната заштита и вклучувањето на лицата со инвалидност во сите сфери на општествениот живот. Дел од програмата беше предвиден за доделување награди од Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“. Оваа година, покрај наградата за студент на генерацијата, која ѝ припадна на Мартина Наумовска за генерацијата запишана во 2008/2009 година, се додели и награда за највисоко рангиран студент при уписот во академската 2013/2014 година. Наградата ѝ беше доделена на студентката Ивана Брческа. Во забавниот дел од програмата учествуваа учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје и учениците од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ од Скопје – модел училиште за инклузивна пракса. Учениците од „Партенија Зографски“ имаа два музички настапа проследени со превод на знаковен јазик, а преку музичко-сценски настап пренесоа порака за еднаквост и рушење на комуникациските бариери меѓу луѓето. Учениците од ОУ „Димо Хаџи Димов“, дополнително придонесоа за збогатување на програмата со рецитација и сценска изведба на хумористичен авторски драмски текст.
На крајот гостите ги забавуваше Ѓоко Танески, кој изведе три од своите песни. По неговиот настап, манифестацијата беше затворена сo повик за заеднички придонес во унапредувањето на инклузивната култура во Република Македонија.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2014 Маја Филиповска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
