ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМИТЕ ЗА СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЈОРДАН: СЕГАШНИ ПРАКТИКИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Автори

  • Хамза МАХМУД СУЛЕЈМАН АЛ ШУРА School of Education, University Sains Malaysia
  • Азнан ЧЕ АХМАД Училиште за едукациски услуги, Универзитет Сејнс Малезија, Пенанг, Малезија

Клучни зборови:

ученици со пречки во развојот, специјална едукација, рехабилитација, инклузивно образование

Апстракт

Со овој труд ќе се обидеме да направиме преглед на програмите за специјална едукација во Јордан за деца со пречки во развојот. Поточно, овој труд ќе ги опише појавата и развојот на услугите од специјалната едукација и на оние што ги обезбедуваат овие услуги во рамките на јорданското општество. Исто така претставени се клучните прашања релевантни за едукацијата на дефектолозите, за интервенцијата во раното детство, инклузивното образование и предизвиците со кои се соочуваат децата со пречки во развојот. Сознанијата посочуваат дека постојат многу предизвици, вклучувајќи ги финансирањето и поддршката, несоодветни наставни средства и техники, ограничена соработка, како и оскудни податоци за децата и младите со пречки во развојот. Овој труд ги употребува секундарните податоци прибрани од релевантни извештаи, истражувања, како и сознанијата и искуството на авторот. Во овој труд се дискутира и за импликациите за подобрување на сегашната практика на специјална едукација за овие деца.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-09-30

Како да се цитира

ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМИТЕ ЗА СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЈОРДАН: СЕГАШНИ ПРАКТИКИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(3-4), 24-42. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5088

Слични трудови

1-10 од 53

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.