ДАЛИ АНГАЖИРАНОСТА НА ТАТКОТО ВЛИЈАЕ НА АФЕКТНАТА СОСТОЈБА, НА СТЕКНУВАЊЕТО ГОВОРНИ ВЕШТИНИ, НА СОЦИЈАЛНАТА ВКЛУЧЕНОСТ И НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА МАЛИТЕ ДЕЦА СО АУТИЗАМ

Автори

  • Прити Табита ЛУИС School of Social Sciences and Languages, India
  • Навин КУМАР ВИТ-универзитет, Велоре, Тамил Наду, Индија

Клучни зборови:

интервенција со посредство на таткото, попреченост, проценка, однесување

Апстракт

Ова истражување покажува рандомизиран експериментален дизајн за процена на влијанието на терапијата за посредство на таткото во подобрувањето на вештините за играње, афектот, јазикот, социјалните вештини и однесувањето меѓу 30 клинички дијагностицирани деца со аутизам на возраст од 3-5 години. Стандардизираните листи, како што се: Опсервација базирана на играње (PBO), Грифитовата скала за ментален развој (GMDS), Винеландовата скала за социјална зрелост (VSMS) и Ренделовиот краток прашалник, беа спроведени пред и по интервенцијата. Беше дизајнирана посебна програма за вклучување на татковците во процесите за грижа и негување на овие деца, којашто беше имплементирана 6 месеци, а по тој период децата беа повторно проценети. Како приоритет на интервенцијата, беа набљудувани дефицитот во вештините за играње и развојните задоцнувања во експресивниот и рецептивниот јазик.

Резултатите од Винеландовата скала за зрелоста и Ренделовиот краток прашалник ги дадоа маркерите на однесувањето. По интервенцијата забележавме значајни разлики во играњето, усвојувањето на јазикот и однесувањето во групата опфатена со третманот во споредба со контролната група. Резултатите сугерираа дека терапијата во која е вклучено посредство на таткото значајно се покажа како позитивна грижа за развојот на децата со аутизам, а тоа е значајна импликација за оние што практикуваат развој на програми за рана интервенција.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-03-31

Како да се цитира

ДАЛИ АНГАЖИРАНОСТА НА ТАТКОТО ВЛИЈАЕ НА АФЕКТНАТА СОСТОЈБА, НА СТЕКНУВАЊЕТО ГОВОРНИ ВЕШТИНИ, НА СОЦИЈАЛНАТА ВКЛУЧЕНОСТ И НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА МАЛИТЕ ДЕЦА СО АУТИЗАМ. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(1-2), 105-125. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5082

Слични трудови

1-10 од 40

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.