МУЛТИДИМЕНЗИОНАЛЕН ИСХОД И ДОЛГОРОЧНА ЕВАЛУАЦИЈА НА ТЕРАПИЈАТА ЗА НЕИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО

Евалуација со Интернационалната класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето (ICF)

Автори

  • Добринка Георгиева Department of Logopedics, Faculty of Public Health and Sport, South-West University “Neofit Rilski”, Blagoevgrad, Bulgaria

Клучни зборови:

Меѓународна класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето (МКФ), нарушувања на флуентноста, пелтечење, терапија на пелтечењето, практика базирана врз докази, квалитет на животот, мерење на исходот

Апстракт

Интернационалната класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето (ICF, WHO, 2001) е конструктивна рамка за квалитетно дијагностицирање и терапија во логопедијата (терапија на говорот). Истражувањето прави обид за воведување на овој стандард во логопедската практика и за мерење на квалитетот на животот на лицата со нарушување на флуентноста на говорот, на пример, пелтечење. Квалитетот на животот е модерна мултидимензионална рамка што ги опфаќа здравствено-медицинските, психолошките, социјалните и економските фактори. Доброто ниво на комуникација и стабилизираната флуентност имаат големо значење во подобрување на квалитетот на животот на лицата кои пелтечат.

Целта на истражувањето беше да се прикаже модел на дијагностицирање, третман и евалуација на ефикасноста на приложениот тераписки метод кај возрасни кои пелтечат.

Методи: Методот на Van Riper за „неизбегнување“ за интензивна терапија. Учесници беа 15 возрасни лица кои пелтечат, со просечна возраст од 25,2 години.

Резултати: специфично значително намалување на двата главни параметри: индекс на нефлуентности по интензивната терапија, како и времетраењето на нефлуентностите во секунди. Промените во говорната флуентност пред и по интензивната терапија, како и 3 години по терапијата, беа добиени според времетраењето на нефлуентностите и индексот на нефлуентност.

Заклучок: презентираниот модел на интензивна терапија за возрасни кои пелтечат, беше успешно применет во бугарски услови. Подобрена флуентност е важен фактор во подобрувањето на квалитетот на животот на лицата кои пелтечат.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-03-31

Како да се цитира

МУЛТИДИМЕНЗИОНАЛЕН ИСХОД И ДОЛГОРОЧНА ЕВАЛУАЦИЈА НА ТЕРАПИЈАТА ЗА НЕИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО: Евалуација со Интернационалната класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето (ICF). (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(1-2), 36-54. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5078

Слични трудови

1-10 од 57

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.