КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА

Автори

  • Санеја КЈУРЕШИ Institute for Social Innovation and Impact, The University of Northampton, United Kingdom

Клучни зборови:

посебни образовни потреби, ПОП, инклузија, редовно, основно училиште, ВБ

Апстракт

Вовед: Целта на овој труд е да утврди дека постојат голем број на клучни двигатели за одредбите за посебните образовни потреби (ПОП) кои треба да бидат исполнети од страна на координаторите за посебни обра-зовни потреби и наставниците за да се обезбеди оптимална одредба и инклузија на деца со ПОП во редовните основни училишта. Иако истражувањето е спроведено во Англија, постои значајна европска димензија на ова прашање, како што веќе постои слична улога на онаа на коор-динаторите за посебни образовни потреби во однос на управувањето со ПОП во земјите како што се Финска и Ирска, и како што се разгледува во Италија.
Методи: Овој труд се фокусира на подато-ците собрани за докторскиот труд на авто-рот во Англија, преку прашалници и инте-рвјуа со координаторите за посебни обра-зовни потреби, класните раководители и наставниците. Беше искористена тематска анализа за да се истражат клучните двигатели во одредбата за ПОП од страна на практичари кои ги поддржуваат децата со ПОП.
Резултати: Податоците покажуваат дека клучните двигатели во одредбата за ПОП вклучуваат време, отвореност на наставниците кон промена, целна средина, докази за испробани интервенции, еманципирање, донесување одлуки и пристапност. Имплементацијата на ваквите двигатели зависи во голема мера од способностите на практичарите и нивните компетенции.
Заклучок: Главниот заклучок во овој труд е да се развијат референтни точки за планирање и практика, со илустрации за оптимална одредба од сите практичари кои работат со деца со ПОП.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-09-30

Како да се цитира

КЛУЧНИ ДВИГАТЕЛИ ВО ПОТРЕБИТЕ ЗА ОПТИМАЛНИ ОДРЕДБИ ЗА ПОСЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНГЛИСКА СТУДИЈА. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(3-4), 13-29. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5065

Слични трудови

1-10 од 35

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.