ТОЧНОСТА НА ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ УЧИЛИШНИОТ РЕПЕРТОАР НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ
Клучни зборови:
точност на домашната задача, училиштен индикатор, аутизам, инклузијаАпстракт
Постојат многу форми на интервенции со цел да се зголеми пишувањето на домашните за-дачи. Сепак, постојат мал број истражувања кои ја испитуваат точноста на домашните задачи на децата со посебни потреби, а уште помалку на децата со аутизам. Докажано е дека методите за интервенции при домашни-те задачи се ефикасни само под одредени ус-лови. Треба да се стави акцент на точноста на напишаната домашна задача пред да се одлучи која интервенција ќе биде поефикасна за одреден ученик кој има потешкотии при пишување на домашните задачи. Едукаторите треба да го имаат предвид нивото на учество на членовите на семејството при пишување на домашните задачи, потребите на ученикот и начинот на којшто ќе бидат собрани и пренесени информациите за точноста на домашните задачи. Информациите за визуел-ната анализа ќе ја идентификуваат домашната задача како точно завршена, а не само како завршена, и ќе го идентификуваат напредо-кот со текот на времето. Истражувачите утврдиле дека завршената домашна зада-ча не ја одредува стекнатата школска спо-собност која е потребна за училишниот успех на учениците со и без тешкотии. Точноста на домашната задача бара поголемо внимание при истражување на раното дет-ство.
Потребата за истражување кај децата со аути-зам е очигледна, бидејќи аутизмот е најбрзо растечка невролошка состојба во светот. Инк-лузијата на децата со аутизам во општата средина покажува значителен раст. Предложени се понатамошни истражувања кои ќе се фокусираат на точноста на домашните задачи.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Лина Гилиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
