КВАЛИТЕТОТ НА ГЛАСОТ ПРЕД И ПО ТИРОИДЕКТОМИЈА НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА
Клучни зборови:
квалитет на гласот, отстранување на тироидната жлезда, самооценување на гласот, перцептивно оценување на гласот, акустична анализа на гласотАпстракт
Вовед: Нарушувањата на гласот се добро познати компликации кои се често поврзани со бо-лести на тироидната жлезда и заради тоа што гласот е с¢ уште основно средство за комуникација, многу е важно да се одржува неговиот квалитет
Цели: Целта на оваа студија се однесува на праша-њата дали постојат статистички значителни разлики меѓу резултатите во самооценува-њето на гласот, перцептивната процена и акустичната анализа на гласот пред и по ти-роидектомијата и дали постојат статистички значајни разлики меѓу варијаблите на само-оценување на гласот, перцептивната про-цена на гласот и акустичната анализа на гласот пред и по тироидектомијата.
Методи: Ова научно истражување вклучи 12 учесни-ци на возраст меѓу 41 и 76 години. Само-оценувањето на гласот беше изведено со помош на хрватска верзија на Индексот на нарушувања на гласот (ИНГ). Беа користе-ни снимени примероци за перцептивна евалуација, а потоа истите беа евалуирани од клинички логопед. Беа користени сни-мени примероци на фондација за акустична анализа што беше изведена со помош на акустичната програма Праат. Сите добиени информации беа обработени со помош на статистичко дескриптивни и непараметрис-ки статистички методи.
Резултати: Резултатите покажаа дека не постојат статистички значајни разлики меѓу резулта-тите од самооценувањето на гласот и резул-татите од акустичната анализа пред и по тироидектомија на тироидната жлезда. Ста-тистички значајна корелација беше открие-на меѓу варијаблите на перцептивното оценување и акустичната анализа.
Заклучок: Добиените резултати укажуваат на важ-носта на мултидимензионалното, преопера-тивното и постоперативното оценување. Овој вид на оценување им дава можност на докторите да ги опишат сите карактеристи-ки на гласот и им обезбедува соодветни препораки за понатамошна рехабилитација на пациентот со цел да се подобри гласот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Дора Цвелбар

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
