БРЗОТО ИМЕНУВАЊЕ КАЈ ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНИ ЈАЗИЧНИ НАРУШУВАЊА И КАЈ ДЕЦА СО ТИПИЧЕН ЈАЗИЧЕН РАЗВОЈ

Автори

  • Неда МИЛОШЕВИЌ Center for speech pathology “Logomedica”, Belgrade, Serbia
  • Миле ВУКОВИЌ Универзитет во Белград - Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград, Србија

Клучни зборови:

брзо именување, фонолошки вештини, специфично јазично нарушување, типичен јазичен развој

Апстракт

Со цел детален увид во фонолошките вештини на децата од предучилишна во-зраст што зборуваат српски, со и без јазично нарушување, беше истражувана способноста за брзо именување.
Методологија: Операционализирањето на поставената цел се изведе со тестот за евалуација на способностите за претчитање и претпишување. За опишување и анализирање на добиените податоци, ги користевме дескриптивниот метод и методот на инференцијална статистика.
Примерокот опфаќа 120 субјекти од двата пола, 40 деца дијагностицирани со специфично јазично нарушување (СЈН) на возраст од 5,11 години до 7 години, а 80 деца беа со типичен јазичен развој (ТЈР) на возраст од 5,11 и 7 години, без статистички значајни разлики во однос на возраста и полот на учесниците.
Резултати: По сумирањето на резултатите и постигнувањата на децата со СЈН и децата со ТЈР, заклучивме дека постојат статистички значајни разлики меѓу децата со СЈН и децата со ТЈР.
Заклучок: Глобален тренд е да се работи на превенција на нарушувањата и опструкциите, а фонолошките вештини на оваа возраст се навремен индикатор за развојот на способностите за читање и пишување. Кај испитуваните деца со СЈН постои ризик за појава на опструкции и нарушувања во подрачјата читање и пишување.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-03-30

Како да се цитира

БРЗОТО ИМЕНУВАЊЕ КАЈ ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНИ ЈАЗИЧНИ НАРУШУВАЊА И КАЈ ДЕЦА СО ТИПИЧЕН ЈАЗИЧЕН РАЗВОЈ. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(1-2), 42-54. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5033

Слични трудови

1-10 од 30

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.