ПРОЦЕНКА НА МОТОРНОТО И КОГНИТИВНОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ КАЈ ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ЛИЦАТА СО ЛЕСНА МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
моторно функционирање, когнитивно функционирање, церебрална парализа, лесна ментална ретардацијаАпстракт
Развојот на дефектологијата доведе до значајно коригирање на методолошкиот пристап во работата со инвалидните деца и млади, што доведе до промени во класичното и традиционално гледање на нивната едукација и рехабилитација.
Традиционалниот дефектолошки пристап ги класифицира лицата со инвалидитет во одредени категории. Во основата на тој пристап е ставот дека лицата кои припаѓаат на иста категорија се многу слични, т.е. дека имаат многу повеќе сличности отколку разлики.
Најновите истражувања во дефектологијата, покажуваат дека лицата кои припаѓаат на иста категорија во голема мера меѓусебно се разликуваат, т.е. дека групите се хетерогени. Овие сознанија доведоа до значајна измена на методолошкиот пристап во работата со инвалидните деца и младинци.
Задача на нашето истражување во оваа област е да развиеме и дефинираме методологија за проценка на преостанатите способности кај лицата со инвалидитет, врз чија основа понатаму ќе се одвива изработката на индивидуалните програми за едукација и рехабилитација.
Основната цел на ова истражување е да се даде проценка на преостанатите способности кај лицата со церебрална парализира и лицата со лесна ментална ретардација.
Во истражувањето беа опфатени вкупно 65 лица, од двата пола. Првата група на испитаници се состоеше од 45 лица со лесна ментална ретардација, а втората група се состоеше од 20 лица заболени од церебрална парализа.
За потребите на истражувањето беше формиран протокол за проценка на моторното и когнитивното функционирање во социјалната средина, кој се состоеше од општ и посебен дел.
Во општиот дел собравме информации од општ карактер, како што се: име и презиме, пол, датум, година и место на раѓање, одделение, дијагноза, година на вклучување во едукацијата.
Посебниот дел од Протоколот е структуриран така што ќе овозможи проценка на моторното и когнитивното функционирање на лицата во социјалната средина. Одбрани се тестови и батерија на тестови на чија основа е можно да се дојде до валидни податоци за тестирањето на поставените парадигми. Проценката на децата со ЦП и ЛМР е вршена во следните области од моторното и когнитивното функционирање: општата моторна способност, визомоторната координација, конструктивната праксија, доживувањето на телесната целост, визуелната перцепција, ориентацијата, вниманието, помнењето, учењето, јазикот и говорот.
Врз основа на анализата на добиените резултати кај церебрално парализираните деца и младинци, може да се евидентира статистички значаен пад на постигнувањата во однос на максимално можните резултати на сите тестирани параметри, од што може да се заклучи дека церебралната парализа е проследена со истовремен дефицит во областа на моторното и когнитивното функционирање.
При тестирањето на лесно ментално ретардираните деца и млади е евидентиран статистички значаен пад во постигнувањата во однос на максимално можните резултати во сите испитувани варијабли.
Заклучивме дека когнитивниот дефицит кај ЛМР деца и млади доведува до дефицит и во областа на моторното однесување.
Со компарација на просечните постигнувања помеѓу испитуваните групи е добиена разлика во одредени области од моторното и когнитивното функционирање на овие лица (општа моторна способност, визомоторна координација, конструктивна праксија, визуелна перцепција и доживување на времето), што е последица на дејствувањето на основниот фактор, т.е. припадноста на определената група. Истовремено, во одреден број области од когнитивното функционирање на лицата со церебрална парализа и лесно ментално ретардираните лица, не е најдена статистички значајна разлика помеѓу испитуваните групи (внимание, говор, јазик, доживување на телесната целост, визуелна перцепција - мултипли задачи, ориентација во простор). Врз основа на ваквите структури на добиени резултати од истражувањето, може да се заклучи дека не постои статистички значајна разлика помеѓу испитуваните групи во сите области од моторното и когнитивното функционирање. Моторното и когнитивното функционирање кај лицата со ЦП и лицата со ЛМР е детерминирано од дејството на два независни фактора. Првиот фактор е припадност на групата, а вториот фактор е видот на задачата. Моторните и когнитивните дефицити се лимитирачки фактори кои го детерминираат видот и содржината на едукацијата и рехабилитацијата на овие лица. Програмите за едукација и рехабилитација мора да се засноваат на специфичната организација на овие способности и мора да го следат и поттикнуваат нивниот развој.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Наташа Чичевска Јованова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
