ДРАМСКАТА АКТИВНОСТ КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИТЕ СО ФИЗИЧКА ПОПРЕЧЕНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
адолесцент со физичка попреченост, драмска активност, изразувањеАпстракт
Драмската активност претставува голем предизвик за адолесцентите со физичка попреченост, а во исто време им овозможува многу искуства за животот.
Адолесцентите се едуцираат и низ театарската активност. Играјќи безброј нови улоги, го развиваат својот став кон културата на уметноста, а најмногу од сè добиваат увид во различните животни ситуации, кои на многу од нив не им биле познати дотогаш. Преку искуството на различните улоги, адолесцентот стекнува лично признание, поминува низ процес на персонална промена и така ги тестира своите лични перцепции за животот.
Во однос на драмската активност ние ја следиме прифатената изрека дека да се биде различен е исто така предност. Главната цел на драмската активност постепено се реализира низ програма: запознавање со себе и театарскиот медиум воопшто. Адолесцентите се среќаваат со повеќеслојна комуникација и јавен настап, што им помага во личниот живот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Сузана Крањц Јолдиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
