ПРВ ГРУПЕН ДОМ ВО ЗАЕДНИЦА ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
По примерот на многу европски земји, водени и од желбата за подобрување на начинот и условите за живот на лицата со инвалидност, Владата на Република Македонија го започна процесот на деинституционализација.
Во склопот на овој процес на 04.12.2008 година во Скопје, од страна на претседателот на Владата на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика, г-дин Џељаљ Бајрами, беше отворен првиот групен дом во заедница за лица со интелектуална попреченост.
Финансиската помош за реализација на овој проект ја овозможува Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и унгарската Иницијатива за ментално здравје - Open Society Mental Health Initiative од Будимпешта, а со домот ќе раководи Полио плус - движење против хендикеп.
Домот претставува семејна куќа од околу 100 м2 и се наоѓа на локацијата зад ПОУ „Д-р Златан Сремац“, во општина Кисела Вода.
За почеток на проектот во домот се сместени четири лица претходни штитеници на Специјалниот завод - Демир Капија, на кои ќе им биде овозможен 24-часовен надзор од стручно обучени лица, едукатори и медицинска екипа.
Плановите на Владата на Р. Македонија се во наредниот период да отвори уште 48 групни домови, каде ќе бидат опфатени околу 190 деца, штитеници на Специјалниот завод - Демир Капија.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
