ПРВ ГРУПЕН ДОМ ВО ЗАЕДНИЦА ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Автори

  • Оливера РАШИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

По примерот на многу европски земји, во­де­ни и од желбата за подобрување на начинот и условите за живот на лицата со инва­лид­ност, Владата на Република Македонија го за­почна процесот на деинсти­туцио­на­ли­за­ци­ја.
Во склопот на овој процес на 04.12.2008 го­ди­на во Скопје, од страна на претседателот на Владата на Р. Македонија, г-дин Никола Гру­евски и министерот за труд и социјална поли­тика, г-дин Џељаљ Бајрами, беше отво­рен првиот групен дом во заедница за лица со интелектуална попреченост.
Финансиската помош за реализација на овој проект ја овозможува Министерството за труд и социјална политика на Република Ма­ке­донија и унгарската Иницијатива за мен­тал­но здравје - Open Society Mental Health Initiative од Будимпешта, а со домот ќе рако­во­ди Полио плус - движење против хенди­кеп.
Домот претставува семејна куќа од околу 100 м2 и се наоѓа на локацијата зад ПОУ „Д-р Златан Сремац“, во општина Кисела Вода.
За почеток на проектот во домот се сместени чети­ри лица претходни штитеници на Спе­ци­­јалниот завод - Демир Капија, на кои ќе им биде овозможен 24-часовен надзор од струч­­но обучени лица, едукатори и меди­цин­ска екипа.
Пла­новите на Владата на Р. Македонија се во наредниот период да отвори уште 48 груп­ни домови, каде ќе бидат опфатени око­лу 190 деца, штитеници на Специјалниот за­вод - Демир Капија.­

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2008-09-30

Како да се цитира

ПРВ ГРУПЕН ДОМ ВО ЗАЕДНИЦА ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ. (2008). Дефектолошка теорија и практика, 9(3-4), 97. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2