НИВОТО НА РАЗВОЈОТ НА МИСЛОВНИТЕ ОПЕРАЦИИ КАЈ ДЕЦАТА СО ГОВОРНИ ТЕШКОТИИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
мисловни операции, конзервација, класификација, серијација, кореспонденција на две низи, говорни тешкотииАпстракт
Сознајниот процес не е резултат на едноставно акумулирање на перцептивните податоци, моторните акции, вербалните описи и интелигенцијата која ги средува сите тие податоци. ,,За да ги спознае објектите, субјектот треба да дејствува на нив, според тоа и да ги трансформира. Почнувајќи од најелементарните сензомоторни акции до најфините интелектуални операции (формалнологичките) кои сè уште се акции, но интериоризирани и извршувани во мислите, сознавањето е постојано поврзано со акциите или операциите, значи со трансформациите“ (1).
Пијаже идентификува три главни стадиуми во развојот на интелектуалните операции:
1. Сензомоторна интелигенција - од раѓање до 18 месеци или до крајот на втората година.
2. Стадиум на репрезентациона интелигенција која води кон конкретни операции. Овој подолг развоен период трае од крајот на втората година до 11-12-тата година и се дели на:
Предоперационален стадиум кој започнува од крајот на втората година, се одликува со образување на семиотички средства, образување ориентирани функции и квалитативни идентитети и кој завршува до 7-8-та година.
Период на конкретни операции, кој започнува од 7-8-та година, завршува до 11-12-тата година и се карактеризира со образување на операционалните групирања, реверзибилност и разновидни облици на конзервација.
3. Стадиум на формални операции кој започнува од 11-тата до 12-тата година и завршува до 14-15-тата или најдоцна до 21-та година, период кој според Пијаже означува постигнување на интелектуална зрелост (1,2).
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Силвана Филипова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
