ПРОЦЕНА НА ПРАВОПИСНОТО НИВО НА РАКОПИСОТ КАЈ ЛЕСНО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ

Автори

  • Анета Т. Христова Elementary school Gorgi Sugarev, Bitola, Macedonia
  • Силвана ФИЛИПОВА Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, Скопје, Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

правописно ниво, дисортографија, лесно ментално ретардирани ученици

Апстракт

Менталната ретардација е сложен и специфичен општествен проблем, кој се јавува во најраната возраст од детскиот развој. Говорот претставува една од најзначајните човечки особини и несомнено потреба на секоја индивидуа, па е логичен заклучокот дека неговата улога кај секоја, па и кај ментално ретардираната индивидуа, е непроценлива.
Факт е дека јазичкиот дефицит е еден од општите и сериозни проблеми кај ментално ретардираните деца, што доведува до тоа да нивниот говор е оштетен, задоцнет во развојот и недоволно развиен.  Меѓу другото тоа условува и пониско правописно ниво на ракописот.  Затоа е одлучено со инструментите кои ги нуди општата дефектолошка дијагностика, да се процени правописното ниво кај лесно ментално ретардираните деца во посебните училишта, а добиените резултати да се споредат  со успехот по Mакедонски јазик, полот и возраста на учениците, со цел да се увиди нивната поврзаност и континуитет со развојниот период.
Многу истражувања, како и ова наше истражување, покажуваат дека дисортографијата во голем процент е застапена кај лесно ментално ретардираните деца.

Резултатите од истражувањето покажаа ниско правописно ниво на ракописот кај лесно ментално ретардираните деца, кој е во зависност од одделението - возраста, полот и успехот по македонски јазик.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2009-09-30

Како да се цитира

ПРОЦЕНА НА ПРАВОПИСНОТО НИВО НА РАКОПИСОТ КАЈ ЛЕСНО МЕНТАЛНО РЕТАРДИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ. (2009). Дефектолошка теорија и практика, 10(3-4), 110-121. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 81

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)