СТРУКТУРА НА ТЕЛЕСНИТЕ ДЕФОРМИТЕТИ КАЈ ЛИЦАТА СО МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
структура, телесни деформитети, ментална ретардацијаАпстракт
Целта на ова истражување беше проценка нa структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретaрдација.
Познавањето на структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретардација претставува појдовна основа за изработка на програма за превентивно корективна работа во процесот на специјална едукација и рехабилитација во насока на нивно отстранување или ублажување.
Структурата на телесните деформитети кај лицата со ментална ретардација беше анализирана во однос на возраста, степенот на ментална ретардација и во однос на секојдневните животни активности.
Со испитувањето беа опфатени 170 испитаници со ментална ретардација од двата пола. Сите испитаници се сместени во установа за третман на лица со тешка и длабока ментална ретардација (Специјалниот завод Демир Капија). Врз основа на два критериуми испитаниците се поделени во групи. Прв критериум за формирање група беше степенот на ментална ретрадација: I група – тешка ментална ретардација (ТМР); и II група – длабока ментална ретардација (ДМР). Втор критериум за формирање група беше возраста на испитаниците: I група – возраст до 18 години; II група – возраст 19–30 години; и III група – над 31 година. Структурата на телесните деформитети беше анализирана во однос на возраста, степенот на ментална ретрдација и во однос на активностите во секојдневниот живот.
За потребите на планираното истражување составен е Протокол за проценка на телесните деформитети кај лицата со инвалидност, кој содржи: формулар за општи податоци за испитаниците, прашалник за проценка на соматскиот статус, клинички лист и тест за активностите во секојдневниот живот (Тест АСЖ, Rusk, 1971).
Сите податоци добиени со истражувањето се изразени квантитативно и обработени со следните статистички методи и постапки: број на повторувања, фреквенција и проценти, мерка на централна тенденција, аритметичка средина и стандардна девијација, χ2 и Fisher Exact – тест. За статистички значајни разлики беа земени разликите со ниво на значајност од ρ<0,05.
Како позначајни резултати можеме да ги издвоиме следните: 33,52% од испитаниците со ментална ретардација кои се институционално сместени имаат нарушен телесен интегритет, ограничена подвижност на горните екстемитети имаат 50% од испитаниците и 52,35% на долните екстремитети. Лошо држење на телото е евидентирано кај 61,17% од испитаниците, а структурални промени на ’рбетниот столб има кај 45,29% од испитаниците. Деформитети на карлицата имаат 20,50% од испитаниците, на зглобот на коленото 6,45%, а деформитети на стапалата кај 41,93% од испитаниците. Исто така резултатите од истражувањето покажуваат дека способноста за вршење функции на локомоторниот систем зависи од индивидуата и социјалната активност на лицето со ментална ретардација. При извршување на активностите во кревет, помош или асистенција од страна на друго лице им е потребна на 47,05% од испитаниците. За извршување на активностите за самозгрижување потребна им е помош или асистенција од страна на друго лице на 54,70% од испитаниците за одржување лична хигиена, за хранење на 45,88% од испитаниците, при облекување/соблекување на 54,11% од испитаниците.
Добиените резултати при истражувањето јасно покажуваат дека менталната ретардација ја следат бројни телесни деформитети, кои ги прикриваат способностите во другите подрачја на фунционирање и дополнително ги инвалидизираат овие лица. Како што се зголемува степенот на ментална ретардација, така и телесните деформитети стануваат позначаен проблем при фунционирањето на овие лица.
Предлог мерки кои произлегуваат од добиените резултати се следни:
- потребно е да се продолжи со истражувањата во оваа област;
- потребно е да се формира централна база на податоци;
- примена на резултатите од истражувањето во секојдневната пракса (воведување на нови содржини и протокол);
- усогласување на постоечката легислатива со современите доктрини и концептуални приоди;
- усогласување на проценката и третманот во специјалната едукација и рехабилитација на лицата со комбинирани оштетувања;
- избор на програма за специјална едукација и рехабилитација прилагодена на возраста;
- мултидисциплинарен пристап кон проблемот,
- едукација на кадри за работа со лица со комбинирана попреченост.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Благоја Гешоски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
