МАНИФЕСТ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО СКОПЈЕ

,,Кон живеење во заедницата: актуелни состојби - идни предизвици“

Автори

  • Лук ЗЕЛДЕРЛУ European Association of Service Providers for Disabilities

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

Манифест, Скопје, ЕАСПД

Апстракт

На 7-ми и 8-ми октомври 2010 година, на Конференцијата во Скопје учествуваа 220 прет­ставници на меѓународни организации, обез­бедувачи на сервисни служби за лица со по­преченост, професионални лица, семејства на корисници на сервисни служби и лица со попре­ченост, како и претставници од науч­ната заедница.

Конференцијата ја отвори министерот за труд и социјална политика во владата на Репу­блика Македонија, а се наоѓаше и во кален­дарот на главни настани во Македон­ското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа. За првпат во историјата на ЕАСПД, на годишна конференција имаше истовремено учество на претставници од Европската унија, Советот на Европа и Обединетите нации.

Сите учесници ја искористија оваа един­ствена можност да разговараат за поната­мош­ната имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, особено откако темелно ги разгледаа ризи­ч­ните прашања во овој сектор во Југо-источна Европа. Исто така, конференцијата им овозможи на клучните чинители да изградат мостови во знаењето и практиките, надминувајќи ги географските и културните граници.

Делегатите ги споделија своите искуства од вид­ливото влијание на економската и финан­си­ската криза во социјалните сервисни слу­жби и изразија силно несогласување за после­дователните мерки кои ги преземаа многу влади низ континентот, особено ради­кал­ните намалувања во јавното фина­н­си­рање насочено кон секторот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-03-31

Како да се цитира

МАНИФЕСТ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО СКОПЈЕ: , Кон живеење во заедницата: актуелни состојби - идни предизвици“. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(1-2), 103-106. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 38

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.