ГРАМАТИЧКО-СИНТАКТИЧЕН ДЕФИЦИТ КАЈ ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНО ЈАЗИЧНО НАРУШУВАЊЕ

Автори

  • Неда МИЛОШЕВИЌ Institute for Psycho - Physiological and Speech Disorders “Professor Dr. Cvetko Brajovic”, Belgrade
  • Миле ВУКОВИЌ Универзитет во Белград - Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград, Србија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

специфично јазично нару­шу­вање, граматичко-синтактички де­фи­цит, неспецифични ЕЕГ промени

Апстракт

Специфичното јазично оштетување во ос­но­ва вклучува нарушување на говорот и ја­зи­кот во развојот на интелигентни деца, без за­се­гање на слухот и  видливи невролошки ош­тетувања.  И покрај потврдата за при­суст­во на граматичко-синтактички дефицит ка­ко ка­рактеристика на специфичните јазични на­ру­­шувања, тие не се испитуваат соодветно. По­ради многубројни варијации во кли­нич­ката ма­нифестација и формите на спе­ци­фич­ните ја­зични нарушувања, постои по­треба за де­тал­на анализа на граматичко-син­­так­тич­ки­те дефицити кај деца со дијаг­но­за на го­ворно - јазично нарушување. Цел на сту­дијата е ана­лиза на граматичко-син­тактички дефицит кај деца кои имале спе­цифично јазично на­ру­шу­вање и не­ти­пич­ни ЕЕГ промениМа­те­ри­јал и ме­то­ди: Целиот примерок вклучува 30 пациенти од Инс­ти­тутот за психо-фи­зио­лошки и говорни оштетувања „Професор д-р Цветко Брајо­виќ“. Согласно наодите на нев­ролозите, при­ме­рокот беше поделен во две групи. Ко­рис­тен тест за специфични ја­зич­ни нарушувања е тест дескрипција на слик­ата. Ре­зултатите се об­работени со по­мош на ме­то­ди на дес­крип­тив­ната ста­тис­ти­ка. Ре­зул­та­и:   Врз   основа    на    дес­крип­тив­на­та статистичка анализа, се покажа дека пос­то­јат разлики во граматичко-синтактичкиот де­­фицит кај испитуваните групи.Заклучок: Про­­цената на граматички-синтактичките спо­со­б­ности во присуство на неспецифични про­­мени на ЕЕГ може да има практична важ­­ност за дефинирање на развојните го­вор­но-јазични нарушувања и нивната прог­но­за.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2011-09-30

Како да се цитира

ГРАМАТИЧКО-СИНТАКТИЧЕН ДЕФИЦИТ КАЈ ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНО ЈАЗИЧНО НАРУШУВАЊЕ. (2011). Дефектолошка теорија и практика, 12(3-4), 50-58. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 64

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)