ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМИТЕ ЗА СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЈОРДАН: СЕГАШНИ ПРАКТИКИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ
Клучни зборови:
ученици со пречки во развојот, специјална едукација, рехабилитација, инклузивно образованиеАпстракт
Со овој труд ќе се обидеме да направиме преглед на програмите за специјална едукација во Јордан за деца со пречки во развојот. Поточно, овој труд ќе ги опише појавата и развојот на услугите од специјалната едукација и на оние што ги обезбедуваат овие услуги во рамките на јорданското општество. Исто така претставени се клучните прашања релевантни за едукацијата на дефектолозите, за интервенцијата во раното детство, инклузивното образование и предизвиците со кои се соочуваат децата со пречки во развојот. Сознанијата посочуваат дека постојат многу предизвици, вклучувајќи ги финансирањето и поддршката, несоодветни наставни средства и техники, ограничена соработка, како и оскудни податоци за децата и младите со пречки во развојот. Овој труд ги употребува секундарните податоци прибрани од релевантни извештаи, истражувања, како и сознанијата и искуството на авторот. Во овој труд се дискутира и за импликациите за подобрување на сегашната практика на специјална едукација за овие деца.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2014 Хамза Махмуд Сулејман Ал Шура

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
