ПОЛАГАЊЕ НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ ОЦЕНУВАЊА СО ИЗБЛЕДУВАЊЕ НА НАСОЧУВАЊАТА

Автори

  • Еми Мари ГРИН Clarion University Northcentral University, USA

Клучни зборови:

настава за пишување, државно испитување, попреченост и пишување, ПССА, графички организатори

Апстракт

Вовед: Актот за незапоставување на ниедно дете од 2001, наложува сите ученици да се проверуваат на ниво на вештини на државните тестирања. Тоа значи и учениците со тешкотии во учењето и со интелектуални пречки, кои инхерентно се под нивото на одделението. Со оглед на тоа дека училиштата се одговорни за остварување на овие цели и дека некои држави не дозволуваат учениците да го завршаат училиштето ако не ги поминат проценките, ова е голема грижа за учениците, родителите, наставниот кадар и администрацијата.

Метод: Четириесет и пет ученици со тешкотии во пишувањето или со интелектуални пречки учествуваат во ова квазиекспериментално, поединечно-групно истражување, со преттестирање-посттестирање, коешто ја оценува ефикасноста на избледување на насочувањата преку графички организиран метод за ученици што имаат тешкотии во учењето и интелектуални пречки за писмено изразување мерено според пенсилванискиот систем на училишно оценување.

Резултати: Податоците беа анализирани со четири дихотомии за одредување на процентот на разликите, кои ги споредуваат спроведените преттестови и посттестови од наставниците, преттестовите и спроведените државни ПССАi , спроведените посттестови од наставниците и ПССА, и учесниците на ПССА и просечниот државен ПССА-резултат. Сите четириесет и пет ученици ги изведоа тестовите под основното ниво на основното ниво и на ниво на вештини на посттестовите. За научените вештини генерализирани според ПССА, четириесет и три ученици добија преоден резултат за нивото на вештини, додека двајца ученици напреднале до основното ниво.

Заклучок: Базирано на резултатите од оваа студија, препорачливо е оваа програма да се користи за учениците со тешкотии во учењето и со интелектуални пречки, барем додека да се спроведе некое следно истражување.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-03-31

Како да се цитира

ПОЛАГАЊЕ НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ ОЦЕНУВАЊА СО ИЗБЛЕДУВАЊЕ НА НАСОЧУВАЊАТА. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(1-2), 68-84. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5080

Слични трудови

1-10 од 30

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.