МУЛТИДИМЕНЗИОНАЛЕН ИСХОД И ДОЛГОРОЧНА ЕВАЛУАЦИЈА НА ТЕРАПИЈАТА ЗА НЕИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО
Евалуација со Интернационалната класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето (ICF)
Клучни зборови:
Меѓународна класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето (МКФ), нарушувања на флуентноста, пелтечење, терапија на пелтечењето, практика базирана врз докази, квалитет на животот, мерење на исходотАпстракт
Интернационалната класификација на функционирањето, попреченоста и здравјето (ICF, WHO, 2001) е конструктивна рамка за квалитетно дијагностицирање и терапија во логопедијата (терапија на говорот). Истражувањето прави обид за воведување на овој стандард во логопедската практика и за мерење на квалитетот на животот на лицата со нарушување на флуентноста на говорот, на пример, пелтечење. Квалитетот на животот е модерна мултидимензионална рамка што ги опфаќа здравствено-медицинските, психолошките, социјалните и економските фактори. Доброто ниво на комуникација и стабилизираната флуентност имаат големо значење во подобрување на квалитетот на животот на лицата кои пелтечат.
Целта на истражувањето беше да се прикаже модел на дијагностицирање, третман и евалуација на ефикасноста на приложениот тераписки метод кај возрасни кои пелтечат.
Методи: Методот на Van Riper за „неизбегнување“ за интензивна терапија. Учесници беа 15 возрасни лица кои пелтечат, со просечна возраст од 25,2 години.
Резултати: специфично значително намалување на двата главни параметри: индекс на нефлуентности по интензивната терапија, како и времетраењето на нефлуентностите во секунди. Промените во говорната флуентност пред и по интензивната терапија, како и 3 години по терапијата, беа добиени според времетраењето на нефлуентностите и индексот на нефлуентност.
Заклучок: презентираниот модел на интензивна терапија за возрасни кои пелтечат, беше успешно применет во бугарски услови. Подобрена флуентност е важен фактор во подобрувањето на квалитетот на животот на лицата кои пелтечат.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Добринка Георгиева

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
