ПРОЦЕНКА НА САМОСТОЈНОСТА ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ КАЈ ДЕЦАТА СО ХИДРОЦЕФАЛУС И ДЕЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
Клучни зборови:
церебрална парализа, хидроцефалус, секојдневни активности, рехабилитацијаАпстракт
Магистерскиот труд е презентиран на 111 страници. Трудот ги содржи следните делови: Вовед, Теоретски дел, Истра-жувачки дел составен од: Мето-дологија на истражувањето, Анализа и интрепретација на резултатите, Дискусија, Заклучоци и препораки, Прилози и Литература.
Во Воведниот дел се дефинирани поимите церебрална парализа и хидроцефалус. Церебралната парализа е хронично, непрогресивно оштетување на мозокот, кое настанува за време на бременоста, раѓањето и во пост-наталниот период во текот на првите го-дини (ран психомоторен забавен развој). Хидроцефалусот претставува зголемено количество на цереброспинална течност и проширување на церебралните вентри-кули. Во зависност од обликот на цере-бралната парализа и во зависност од тоа дали детето има хидроцефалус или не, зависи и нивниот начин на живот и функ-цинирањето во секојдневието. Кај овие деца е отежнато самозгрижува-њето и најчесто се зависни од друго лице. Овие деца ја губат способноста да ги контролираат мускулите. Поради тоа овие деца имаат отежнат трансфер, станување, седнување и најчесто им помага друго лице.
Во Теоретскиот дел се опишани дефи-ниции за церебралната парализа и хидроцефалусот од повеќе автори кои се сретнуваат во медицинската литература. Наведени се етиолошките фактори за настанување на церебралната парализа и хидроцефалу-сот, како и инциденцијата и преваленци-јата за овие две состојби. Во теоретскиот дел е претставено и раното дијагностицирање на церебралната парализа и хидроцефалусот, клиничката слика, класификацијата и рехабилитацијата.
Во Истражувачкиот дел, дадена е ме-тодологијата на истражување и притоа се дефинирани предметот, целта и карактерот на истражувањето, задачите, хипотезите, варијаблите, методите, техниките и инструментите, примерокот, статистичката обработка на податоците, местото, времето, организацијата и текот на истражување-то. Предмет на ова истражување е про-ценка на самостојноста во изведувањето на секојдневните активности на децата со церебрална парализа и децата со це-ребрална парализа и хидроцефалус. До-биените резултати ни овозможуваат да направиме споредба како се самозгрижува дете со церебрална парализа, а како дете со церебрална парализа и хидроцефалус.
Примерокот се состои од 64 испитаника, поделени во две групи по 32 испитаника. Во едната група се деца со церебрална парализа, а во другата група се деца со церебрална парализа и хидроцефалус. Основната цел на истражувањето е да се утврди како овие две групи деца ги надминуваат ба-риерите на кои наидуваат во секојднев-ниот живот и степенот на самостојност, т.е зависноста од страна на друго лице. Во истражувањето е користен анкетен прашалник специјално конструиран за оваа проблематика. Во ова истражување се користи и методот на компарација за да се споредат двете групи. Добиените резултати беа статистички обработени со помош на χ²-тестот и Fisher Exact- тестот, на ниво на значајност од р <r; 0,05.
Резултатите покажаа дека 90% од испи-таниците имаат потреба од друго лице при извршување на секојдневните активности и имаат тешкотии и пречки во самостојното извршување на активностите. Со помош на помагало и асистенција од друго лице одат (62,5%) од децата со церебрална парализа и (59,4%) од децата со церебрална парализа и хидроцефалус. Голем про-цент од децата со церебрална парализа (43,8%) и децата со церебрална парализа и хидроцефалус (40,6%) се зависни од друго лице при одење по голема нужда.
Според резултатите добиени од истра-жувањето и нивната статистичка обработка се заклучи дека постои статистичка значајност во степенот на самостојност и самозгрижувањето кај децата со церебрална парализа и децата со церебрална парализа и хидроцефалус. Ова истражување покажа дека децата со церебрална парализа имаат поголемо нарушување во мото-риката и подвижноста и со тоа нивниот степен на самостојност е намален.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Сања Атанасовска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
