ТЕЛЕСНА ИНВАЛИДНОСТ, СТИГМА И ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ КАЈ ДЕЦАТА: РЕПЛИКА СТУДИЈА
Клучни зборови:
физичка инвалидност, стигма, спорт, модел на содржина на стереотипите, студија репликаАпстракт
Вовед: Стереотипите може да се намалат преку позитивни описи. Стигмата што ра-ботоспособните возрасни ја имаат кон децата со физичка попреченост може да се намали кога детето е претставено како активно. Студијата покажа дека спортски активно дете што користи инвалидска количка, се смета за поспособно од здраво дете кое се занимава со спорт.
Цел: Оваа студија е реплика студија за под-дршка на хипотезите и за испитување на стереотипи на работоспособните возрасни кон децата со и без (телесна) инвалидност.
Методи: Оваа студија претставува две екс-периментални студии што користат 2 (фи-зичка активност) x 2 (спортски активности). Зависните променливи беа перцепцијата на способностите и топлината според Моделот за содржина на стереотипите (МСС). Студи-јата 1 е онлајн експеримент со 355 студенти од Опен универзитетот на Хаген. Студијата 2 е анкета на 1176 учесници (од Минхен и Грац) со прашалник на хартија што се по-полнува со молив.
Резултати: Нашите студии не го докажаа значајниот ефект на интеракцијата.
Здравото спортски активно дете е оценето со поголеми способности за разлика од спортски активно дете што користи инвалидска количка. Спортските активности ја многу намалуваат малку стигматизацијата кај децата со телесна иналидност.
Заклучок: Стигмата кон децата со физичка попреченост може да се намали кога детето е портретирано како активно, но ефектот не бе-ше доволно силен за да се даде шанса на ори-гиналната класификација од страна на МСС.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Маркус Гебхард

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
