РАСПРОСТРАНЕТОСТ И ПРИЧИНИ ЗА СЛЕПИЛО КАЈ МАКЕДОНСКОТО ВОЗРАСНО НАСЕЛЕНИЕ

Автори

  • Даниела ДИМИТРОВА - РАДОЈИЧИЌ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Клучни зборови:

преваленција, возраст, пол, причини за слепило

Апстракт

Цел: Да се утврди распространетоста и причините за слепило кај возрасните лица (≥ 26 години возраст) во пет општини во Република Македонија.
Методи: Анализирани се офталмолошките досиеја на регистрираните лица со слепило, корисници на социјална парична помош во 2015 година.
Резултати: Во ова истражување беа опфатени вкупно 475 лица со слепило. Просечната возраст на испитаниците е 64,1 години (опсег 26 – 87 години), од двата пола. Со староста, слепилото статистички значајно се зголемува (p<0,001). Констатирана е полова разлика во преваленцијата на слепилото (p=0,0310). Стапката на слепило изне-сува 0,24% (95% CI: 0,22 - 0,26). Најчеста причина е катарактата (23,2%), потоа глаукомот (21,7%) и дијабетичната ретинопатија (12,8%). Многу од причините за слепило може да се избегнат, на пример катарактата и глаукомот.
Заклучок: Резултатите од ова истражу-вање укажуваат на потребата од започнување на координирани активности со цел да се спречи слепилото предизвикано од катаракта, глауком и дијабетична ретинопатија.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-03-30

Како да се цитира

РАСПРОСТРАНЕТОСТ И ПРИЧИНИ ЗА СЛЕПИЛО КАЈ МАКЕДОНСКОТО ВОЗРАСНО НАСЕЛЕНИЕ. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(1-2), 17-25. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5031

Слични трудови

1-10 од 19

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.