20 ГОДИНИ ДЕФЕКТОЛОШКА ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА - ПЕРИОД НА КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ
Клучни зборови:
Дефектолошка теорија и практика, 20 години, списание со рецензија, отворен пристап, публицистичка етика и интегритетАпстракт
Вовед и цел: Првиот број на списанието Дефектолошка теорија и практика се појави во 1997 година и во изминатите 20 години се објавени 37 броеви. Во списанието се објавуваат трудови од повеќе науки и научни дисциплини и тоа: дефектологија, медицина, педагогија, психологија, социјална политика, право и др. Целта на овој едиторијал е да направи пресек на 20-годишното постоење на списанието Дефектолошка теорија и практика и да се истакнат планираните идни активности за унапредување на квалитетот на објавените трудови и интегритетот и видливоста на списанието.
Методи: Преглед и анализа на документацијата на списанието и евиденцијата на приложените, одбиените и прифатените ракописи, структурата на објавените трудови според разни обележја и други специфичности во развојот на списанието од неговото основање во 1997 година и, посебно, постигнувањата во периодот 2008 – 2016 година.
Резултати: Во изминатите девет години е забележан пораст на бројот на автори и коавтори на објавените трудови, дури 358, и тие доаѓаат од вкупно 28 држави. Стапката на прифаќање на трудови опаѓа од 93% во првите години од излегувањето на списанието на 33% во последните три години. Најмногу објавуваат домашните автори од Македонија, кои се среќаваат во 31 труд или 27,7% од објавените трудови. Авторите најмногу објавувале оригинални трудови, дури 87 или 53%, па потоа се среќаваат 12% ревиски трудови и 11,5% стручни трудови. Според видот на рубриката, најмногу се објавуваат куси вести и информации кои не се рецензираат и тие се застапени со 28%, а од рецензираните трудови најфреквентна е дефектолошката рубрика со 16,5% од вкупниот број трудови.
Заклучок: Списанието Дефектолошка теорија и практика е списание со рецензија и со отворен пристап кое бележи континуиран прогрес во квалитетот и видливоста со цел да служи како солиден медиум за унапредување на научните истражувања и промоција на професионалните постигнувања во областа на дефектологијата и сродните области во биомедицината во Р. Македонија и пошироко.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Владимир Трајковски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
