ЕКСПРЕСИЈА НА ОТОАКУСТИЧНИТЕ ЕМИСИИ КАКО ПРОДУКТ НА ДИСТОРЗИЈА КАЈ ДЕЦА СО ОТИТИС МЕДИА СО ЕФУЗИЈА

Автори

  • Лидија РИСТОВСКА City General Hospital “8th September”, Department of Otorhinolaryngology, Division of Audiology
  • Зора ЈАЧОВА Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Раде ФИЛИПОВСКИ Градска општа болница „8-ми Септември“, Оддел за оториноларингологија, Отсек за аудиологија
  • Даниела ТАСЕВСКА Градска општа болница „8-ми Септември“, Оддел за оториноларингологија, Отсек за аудиологија

Клучни зборови:

отитис медиа со ефузија, отоакустични емисии, експресија

Апстракт

Вовед: Отоакустичните емисии се звуци што резултираат од енергијата генерирана во кохлеата. Бидејќи се пренесени од кохлеата до надворешниот слушен канал, каде што може да бидат измерени, патологијата на средното уво може да влијае на нивните карактеристики.
Цел: Цел на студијата беше да се евалуира влијанието на заболувањата на средното уво на експресијата на отоакустичните емисии како продукт на дисторзија (ДПОАЕ) кај децата.
Материјал и методи: Оваа проспективна студија вклучува примерок од 51 дете, 26 машки (51 %) и 25 женски (49 %), на возраст од 4 до 14 години (средна возраст 7,1 година), прегледани во периодот од јануари до мај 2017 година. Беа вклучени вкупно 15 деца со отитис медиа со ефузија (ОМЕ) и тип B тимпанограм, 21 дете со дисфункција на Евстахиевата туба и тип C тимпанограм, без течност во средното уво и 15 деца со уреден слух и тип A тимпанограм како контролна група.
Резултати: Кај децата со тип B тимпанограм, најниската средна вредност на ДПОАЕ амплитуда беше -15 dB SPL на фреквенцијата 4000 Hz. Кај случаите со тип C тимпанограм, најниската средна вредност на ДПОАЕ амплитуда беше -0,5 dB SPL и кај тип A тимпанограм 6,7 dB SPL. Кај децата со ОМЕ беа прифатени само 7 % од сите точки по октава (p < 0,00001), ДПОАЕ беа отсутни кај 85,8 % од тестираните фреквенции (p = 0,0259) и средната вредност на прагот на слухот беше 26 dB HL.
Заклучок: Експресијата на ДПОАЕ е сигнификантно афектирана не само со присуство на течност во средното уво, но исто така и во случаи на негативен притисок во средното уво без редукција на слухот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-09-11

Како да се цитира

ЕКСПРЕСИЈА НА ОТОАКУСТИЧНИТЕ ЕМИСИИ КАКО ПРОДУКТ НА ДИСТОРЗИЈА КАЈ ДЕЦА СО ОТИТИС МЕДИА СО ЕФУЗИЈА. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(3-4), 44-54. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5019

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)