ОБЈЕКТИВНИ И БИХЕВИОРИСТИЧКИ ТЕСТОВИ ЗА АУДИОЛОШКА ПРОЦЕНА НА ДЕЦАТА СО СУСПЕКТНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ
Апстракт
Аудиолошката процена на доенчињата и на малите деца со суспектно оштетување на слухот бараизбор на диференцијално дијагностички техники кои се соодветни на возраста и соодветни на развојните способности на детето.
Објективната процена вклучува електрофизиолошки и електроакустични методи: отоакустични емисии, аудитивни одговори на мозочното стебло, аудитивни стабилизирани одговори, тимпанометрија и акустичен рефлекс. При користење на бихевиористичките тестови во аудиолошката процена потребен е одговор од пациентот. Во зависност од возраста на детето, може да се изведат следните методи: аудиометрија со визуелно засилување, кондиционирана аудиометрија низ игра, тонална лиминарна аудиометрија и говорна аудиометрија.
Аудиолошката процена кај доенчињата и малите деца обезбедува одредување на аудитивната сензитивност, евалуација на интегритетот на аудитивниот систем и идентификација на можни интервенциски опции во случај на постоење на оштетување на слухот. Раната детекција и третман на оштетувањето на слухот во детството е есенцијална за да се обезбеди оптимален развој на говорот и јазикот во првите години од животот и оптимални училишни перформанси на постарите деца.