ДЕМОНСКАТА ХИБРИДНОСТ И ЛИМИНАЛНОСТ: ПАЗУЗУ И ЛАМАШТУ

  • Марија Тодоровска
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376075t
Клучни зборови: демон, хибридност, лиминалност, Пазузу, Ламашту

Апстракт

Во текстот се нуди преглед на едни од најзначајните категории на демонското од месопотамските верувања - на хибридноста и лиминалноста - преку примери за концепциите на демоните Пазузу и Ламашту. Најпрвин се разгледани логичко-дијалектичките релации на сферата на демонското како екстерно и туѓо, наспроти домашното, познато, човечко; и на демонското како застрашувачко и потенцијално заканувачко, наспроти уредената „цизилизирана“ нормирана сфера. Потоа се наведени неколку претстави на концепциите на Пазузу како амбивалентен демон – тој е зло кое се бори против зло, неговиот врвен непријател, Ламашту, и токму за да биде ефикасен во таквата заштитна функција, тој е ужаснувачки, застрашувачки, опасен демон. Ова е разгледано низ описи на соодветни инкантации и зачувани ритуали. Ужаснувачките закани на Ламашту против најскапоцениот дел на заедниците – новите генерации, преку нејзиното грабнување и уништување на новороденчињата, е прикажана низ претставите на нејзината хибридност и чудовишност, и главно низ инкантациите за нејзино одбивање и отстранување.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-16