КАРИЕРНИ ОРИЕНТАЦИИ: КОРИСЕН КОНСТРУКТ ВО УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПРЕФЕРЕНЦИИТЕ ЗА РАБОТА СО МОЖНОСТИТЕ 3A ВРАБОГУВАЊЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
КАРИЕРНИ ОРИЕНТАЦИИ, СВЕСНОСТ ЗА СЕБЕ, МОЖНОСТИ НА ΠΑ3ΑΡΟΤ НА ТРУДОТАпстракт
Целта на овој труд е да посони на потребата за надополнување на актшвностите од економска и социјална природа кои ce преземаат (или би требало да се преземат) во насока на зголемување на можностите за вработување и со такви од психолошка пририда (советување и поддршка со вокациските
психолози). При тоа, нагласката е ставена на кариерните ориентации како конструкт кој би можел да биде корисна алатка токму во реализација на споменатите активности.
Кариерните ориентации можат да придонесат кон зголемување на знаењата за себе, односно своите преференции на полето на работата. Потоа, донесени во сооднос со барањата на пазарот на трудот, би им помогнале на кандидатите за работа да донесат оптимална одлука во врска со своето вработување, односно понатамошните чекори во кариерата.
Бидејќи кај нас кариерните ориентации не ce испитувани, спроведено е експлоративно истражување со цел да ce добијат првични сознанија за нивната застапеност кај нашата студентска популација, a со тоа и појдовна точка при евентуалното советување на поето на вработување и кариера,
воопшто. Примерокот го чинеа 46 студенти од трета година на студии на Филозофскиот факултет. За прибирање на податоците беше користен инструментот Career Orientation Inventojy на Шејн. Добиените наоди зборуваат дека најчесто (кај 30.43% од испитаниците) како доминантна ce јавува кариерната ориентација сигурност која подразбира преферирање на долгорочна и стабилна работа независно од нејзината содржина, a најретко (кај 6.52% од испитаниците) κακό доминантна ce јавува техничката-професионалната компетентност која значи преферирање на работи кои овозможуват реализација и понатамошен развој на сопствените
способности и вештини. Менаџерската компетентност, пак, како кариерна ориентација која подразбира силно изразена амбиција кон високи раководни позиции во организацијата, во ниту еден случај не ce јавува како најважна. Останатите кариерни ориентации речиси подеднакво ce застапени во улога на примарни кај испитуваните студенти. Наодите ce дискутирани и дадени ce препораки за понатамошни истражувања на ова поле.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Билјана Блажевска Стоилковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.